Виза за во иднина
Виза за во иднина (босански: Viza za budućnost) е босанска хумористична серија која започна со прикажување на сепрември 2002, а заврши во април 2008 година.[1]
Виза за во иднина | |
---|---|
Позната и како | Viza za budućnost |
Жанр | ситком драмска |
Напишана од | Хасан Џафиќ Алмир Имширевиќ |
Режирана од | Сулејман Купусовиќ Војислав Милашевиќ Неџад Беговиќ Адмир Гламочак |
Улоги | Нада Ѓуревска Љубиша Самарџиќ Јасна Диклиќ Адмир Гламочак Мелиха Факиќ |
Земја на потекло | Босна и Херцеговина |
Првичен јазик | босански |
Бр. на сезони | 6 |
Бр. на епизоди | 206 |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Шухрета Дуда Соколовиќ Фарук Соколовиќ |
Продуцент(и) | Јасмин Дураковиќ |
Местоположба | Сараево |
Времетраење | 35 минути |
Дистрибутер | Мебиус Филм |
Прикажување | |
Првична мрежа | ФТВ А1 РТС, Пинк РТВ СЛО РТЦГ, ТВ Вијести Сљеме |
Сликов формат | 480i (SDTV) |
Звучен формат | стерео |
Првично прикажување | 22 септември, 2002 – 17 април, 2008 |
Хронологија | |
Следбеник | Луд, збунет, нормален |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | mebiusfilm.com/project/viza-za-buducnost/ |
Продукциска мрежна страница | rtvfbih.ba |
Оваа серијата се емитуваше и во Македонија на A1.[2]
Концепт
уредиСеријата на хумористичен начин ги отсликува проблемите на жителите на повоено Сараево како и нивната желба да продолжат со нормален тек на животот.
Главен лик во серијата е Србин Милан Голијанин, поранешен дипломат кој по извесно време се враќа од Норвешка во Сараево, заедно со неговата сопругата Даница. Кога Милан и Даница се враќаат во Сараево, во нивниот стан го наоѓаат бошњачко семејството Хусика, чиј стан бил уништен во војната и кои одбиваат да се иселат од станот на Голијанините. Немајќи друг избор, Милан и Даница бараат привремено сместување кај соседите Миро и Сена.
Преку вкупно 206 епизоди, во текот на 6 сезони, гледачите ја следеа судбината на семејството Хусика и семејството Голијанин и беа сведоци на повторното воспоставување на пријателството меѓу нив.
Епизоди
уредиПрвата епизода на Виза за во иднина се емитуваше на 22 септември 2002 година. Првата сезона има 44 епизоди, втората има 37 епизоди, третата има 19 епизоди, четврата има 42 епизоди, петтата сезона има 34 епизоди, а шестата и последна сезона има 30 епизоди. Последната епизода се емитуваше на 17 април 2008 година на ФТВ.[3] Серијата има вкупно 206 епизоди.
Виза за во иднина стекна голем успех на ФТВ за време својата премиера,[4] а серијата беше прикажана и во други земји од регионот.[5]
Улоги
уредиГлумец | Улога |
---|---|
Нада Ѓуревска | Мубера Половина |
Љубиша Самарџиќ | Милан Голијанин |
Јасна Диклиќ | Даница Голијанин |
Адмир Гламочак | Суад Хусика |
Мелиха Факиќ | Алма Хусика |
Мирвад Куриќ | Риле Половина |
Зоран Бечиќ | Оскар Прохаска |
Амра Капиџиќ | Белма Хусика |
Изудин Бајровиќ | Миро Зврк |
Емина Муфтиќ | Сена Зврк |
Ријад Љутовиќ | Тончи |
Лејла Звиздиќ | Мерима Хусика |
Маја Ибрахимпашиќ | Нејра Хусика |
Жан Маролт | Хрвоје Ускок |
Санда Крго | Сања |
Борис Дворник | Винко Ускок |
Енис Бешлагиќ | Зела |
Ермин Сијамија | Саша Крељо |
Тања Бошковиќ | Софија Јовиќ |
Борислав Стјепановиќ | Александар Јовиќ |
Марио Дрмаќ | Ненад Голијанин |
Снежана Марковиќ | Сашка Јовиќ |
Драго Бука | Неро |
Сања Буриќ | Дијана |
Нермин Омиќ | Сејо |
Факета Салихбеговиќ Авдагиќ | Злата |
Џенита Имамовиќ | Хедија |
Раде Чоловиќ | Соко |
Нарцис Бабиќ | Жути |
Медиха Муслиовиќ | Ранка |
Ксенија Јовановиќ | Оливера |
Наводи
уреди- ↑ Виза за будуќност
- ↑ Виза за во иднина/Viza za buducnost
- ↑ FTV • четврток, 17 април 2008
- ↑ Izvještaj o radu RTVF BiH u 2007. godini i proširena Informacija o stanju u RTVFBiH
- ↑ „"Viza za budućnost" najgledanija serija“. Архивирано од изворникот на 2022-10-03. Посетено на 2023-06-24.