Ветрен (град)
Ветрен (бугарски: Ветрен, до 1945 г. Вѣтренъ) — гратче во Пазарџичка област, во општината Септември, јужна Бугарија.
Ветрен | |
---|---|
Зградата на градската управа | |
Координати: 42°16′N 24°2′E / 42.267° СГШ; 24.033° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Пазарџичка област |
Општина | Септември |
Површина | |
• Вкупна | 64.545 км2 (24,921 ми2) |
Надм. вис. | 360 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 2.882 |
• Густина | 0,045/км2 (0,12/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 4480 |
Повик. бр. | 03584 |
Рег. таб. | РА |
Географија и местоположба
уредиГрадот Ветрен се наоѓа помеѓу височините кој се расположени источно од ридот Ветрен. Гратчето се наоѓа во близина на Паланката на излезот од превојот „Трајанови врата“ во Пазарџичкото Поле.
Историја
уредиВетрен е постара населба дури од Пазарџик. Бил населен во праисториско време, за што сведочат праисториските тумби и пронајдените предмети. Се смета дека во периодот 1403-1421 година била создадена сегашната населба. Во минатото се одликува со многу имиња: Хисарџик, Ветрен, Ениќој и Ново Село.
Заедно со земјоделството и сточарството, во минатото делумно биле застапени и шумарството, занаетчиството и трговијата. Во историските книги стои дека Ветренци прво биле лозари, а потоа земјоделци и сточари. Тие биле меѓу најбудните жители на Пазарџичко. Околу 1840 година била изградена големата црква „Свети Никола“.[1]
Личности
уреди- Страхил војвода - бугарски ајдутин и војвода од 17 век;
- Николај Пешалов - светски и олимписки шампион во кревање тегови.