Западна Фризија

(Пренасочено од Вестфлинге)

Западна Фризија (холандски: West-Friesland; западнофризиски: West-Fryslân) е современ регион во северозападниот дел на Холандија, во состав на покраината Северна Холандија.

Денешниот регион Западна Фризија во рамките на Холандија.

Општина

уреди

Регионот зафаќа површина од околу 800 км² и е окружен со Западнофризискиот кружен трап (Westfriese Omringdijk). Поделен е на следниве општини:

Име литературен
холандски
локално
наречје
[1]
Алкмар Alkmaar Alkmar
Дрехтерланд Drechterland Drechterland
Енкхејзен Enkhuizen Henkhúze
Когенланд Koggenland Koggeland
Лангедејк Langedijk Lengedoik
Медемблик Medemblik Memeloik
Опмер Opmeer Obmar / Opmar
Стеде Брук Stede Broec Stee Broek
Схаген Schagen Skagen
Херхуговард Heerhugowaard Heerhugoweerd / Heregeweerd
Холандс круна Hollands Kroon ?
Хорн Hoorn Hoorn

Поголеми градови се Хорн и Алкмар.

Наречје

уреди

Традиционалниот говор на регионот e западнофризиското наречје (Westfriesk) на холандскиот јазик, кој сосем различен од западнофризискиот јазик (Frysk, офиц. хол. Westerlauwers Fries) Денешниот регион има слична големина и местоположба на некогашниот округ („гау“) Вестфлинге, самиот дел од многу поголемата историска област Западна Фризија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Се мисли на западнофризиското наречје на холандскиот јазик

Надворешни врски

уреди

52°41′N 5°00′E / 52.683° СГШ; 5.000° ИГД / 52.683; 5.000