Венче Јорданов Илиоски ( 1919 во Речани (Зајаско), Кичевско1945 во Стризивојна, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик на борците од НОВ на Македонија во Светораче, меѓу кои е запишан и Венче, но како Илиески.

Животопис

уреди

Се занимавал со земјоделство. Како напреден младинец и определен за народно ослободителното движење, во август 1944 година се приклучил во редовите на Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите низ Охридско и Кичевско, а потоа во состав на Петнаесеттиот корпус заминал на Сремскиот фронт каде загинал при еден пробив кај местото Стризивојна во април 1945 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 62.