Венера-8 била советска автоматска научно-истражувачка станица (вештачки сателит) наменета за истражување на планетата Венера. Лансирана е на 27 март 1972.

Одвивање на мисијата

уреди

Венера-8 била наменета за истражување на атмосферата на Венера и спуштање на истата. Инструментите ја мереле температурата, притисокот, осветлувањето, висината, составот на гасовите и нивниот спектар. Делот кој не се спуштил на планетата имал и детектор на космички зраци, сончев ветар и ултравиолетен спектрометар.

Одсекот за спуштање влегол во атмосферата на Венера на 22 јули 1972. Брзината била намалена од околу 42,000 км/ч до околу 900 км/ч со аеродинамичко запирање. Падобранот со пречник од 2,5 метри бил отворен на висина од 60 км, и системот за ладење бил користен со цел да се одржи внатрешната температура ниска.

Наглиот пад на осветлување бил детектиран на висина од 35-30 км, а под 10 км и зголемената брзина на ветарот, брзината била само околу 1 метар во секунда. Венера-8 се приземила во околу 9:32 по универзално време, на 10 степени јужно и 335 степени западно. Податоците биле праќани полни 50 минути по спуштањето.

Подаците ги потврдиле претходните мерења на Венера-7. Температурата на површината е измерена како 470 степени Целзиусови, а притисокот на 90 атмосфери. Осветлувањето било измерено слично како и со она на Земјата на облачен ден, а видливост од 1 км.

Основни податоци за летот

уреди
  • Датум на лансирање: 27 март 1972.
  • Ракета носач:
  • Место на лансирање: Тјуратам, Бајконур
  • Маса на сателитот (kg): 1180 вкупно, од тие, 495 кг бил одсекот за спуштање

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Користена литература

уреди
Сателити од серијата „Венера“
Венера-1Венера-2Венера-3Венера-4Венера-5Венера-6Венера-7Венера-8Венера-9Венера-10Венера-11Венера-12Венера-13Венера-14Венера-15Венера-16