Физичка величина

(Пренасочено од Величина)

Физичката величина — количествена одлика на еден објект или појава во физиката, или, пак, резултат од некое мерење. Се изразува како производ од бројната вредност {M} и мерната единица [M]

Шублерот е направа за мерење на физичката величина должина, единица мерка е милиметар.

На пример, доколку имаме некаква моќност зададена како:

P = 42,3 × 103 W = 42,3 kW,

тогаш во овој запис:

Р — е ознаката за величината „моќност“
42,3 × 103 — нејзината бројна̀ вредност
к — е ознака за претставкатакило-“, која одговара на 103
W — е ознаката за ват, единица за моќност.

Во овој случај, под „мерење“ се подразбира процедура, при која на физичката величина ѝ се придава бројна вредност, при што се прави споредба со соодветна на неа вредност, означена како стандардна (прамерка или еталон). Поради ова, многу е важно да се установат стандардните вредности на основните физички величини. Тоа може да биде по различни начини и прифаќањето на еден начин е прашање на согласност. Списокот од стандардни вредности се нарекува систем на мерни единици.

Видови физички величини

уреди
Табела со физичките величини
Називи за размерите на физичките величини

Во зависност од математичкиот апарат кој се користи од страна на набљудувачот за оценка и мерење на физичките величини, тие се делат на скаларни, векторни и тензорни:

  • скалари - се одликуваат со фиксирана вредност (наречена уште и инваријант), без изразена насоченост и независни од набљудувачот. Пример за ваква величина е масата. Во класичната физика, масата, температурата, енергијата и густината на телата имаат постојана вредност за сите набљудувачи (за разлика од теоријата на веројатноста, каде енергијата и температурата зависат од набљудувачот, па затоа тие не се скалари);
  • вектори - се одликуваат со фиксирана вредност и насока, како на пример брзина, забрзување, сила. Тие се изразуваат на различен начин во зависност од појдовниот систем на набљудувачот и за да се изедначат мерењата на различните набљудувачи е неопходно да се извршат векторски трансформации. Во класичната физика, интензитетот на електростатичкото поле е вектор (за разлика од теоријата на веројатноста, каде тој е тензор);
  • тензори - карактеризираат такви својства на физичките објекти, кои при преод од еден појдовен систем во друг имаат потреба од преобразби со тензори. Пример за тензорна величина е диелектричната пропустливост во нехомогена средина.

Во зависност од својството „адитивност“ на дадена величина во системот и неговите потсистеми, физичките величини се делат на екстензивни и интензивни:

  • екстензивни се величините чии вредности во потсистемите се сумираат за да ја дадат вредноста во системот — на пример, маса, волумен;
  • интензивни се величините чија вредност во потсистемите е еднаква со вредноста во системот — на пример, температура, притисок.

Исто така, постојат и физички величини кои не се ниту екстензивни, ниту интензивни — на пример, должина, сила, време.

Поврзано

уреди