Вања Изова Велева
Вања Изова Велева — македонска поетеса.[1]
Вања Изова Велева | |
---|---|
Роден/а | 4 септември 1972 Струмица, Македонија |
Занимање | поет |
Националност | Македонка |
Апсолвент на | Филолошки факултет во Скопје |
Значајни награди | Награда „Празник на липите“ награда „Гарави сокак“ „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченицци“ |
Животопис
уредиВања Изова Велева е родена во Струмица на 4 септември 1972 година. Завршила Филолошки факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата Македонска книжевност со јужнословенски книжевности. Магистрирала на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на студиската програма за постдипломски студии под наслов „Културолошки студии во книжевноста“, и се здобила со звање магистер по културологија.
Вања Изова Велева е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година[2], член на интернационалното друштво на поети, член на претседателството на ДПМ 2000-2002 и 2002-2004 година, член на жири комисијата за наградата „Ацо Шопов“ во 2006 и 2008, и член на жири комисијата за наградата „Ацо Караманов“.
Дел од нејзината поезија е препеана на англиски, француски, српски, словенечки, шпански, бугарски, полски и руски јазик.
Творештво
уредиВања Изова Велева ги објавила книгите поезија:
- „Вентил во постоењето“ 1993
- „Смртта на рибата“ 1995
- „Зашиени грла“ 1997
- „Правта не зборува“ 2002
- „Плач во кутија“ 2007
- „Бездна угоре“ 2010
- „Позајмена прашина“ 2013
- „Безмалку“ 2016
- „Чекор по жица“ 2018
Исто така е автор е и на прозните записи:
- „Неколку легенди за Струма“ 2011
- „Жената и каменот“ 2013 (магистерски труд).
Соавтор е на монографското издание „Чекори по ѕвездените штици“.
Признанија
уредиВо 2006 година, Вања Изова Велева во САД станала добитник нависоко поетско признание.[3]
Добитничка е на следните награди:
- прва награда на манифестацијата „Празник на липите“
- трета награда од „Меѓународното друштво за поезија“ (2005)
- втора награда на „25-тите Караманови средби“
- награда во книгата „Гарави сокак“ на Деветнаесеттата меѓународна средба на поети во 2008
- општинска награда „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченицци“ во Струмица, за посебен придонес во областа на културата и образованието во 2015.
Наводи
уреди- ↑ Jovan Pavlovski, Rade Siljan, Vele Smilevski (2004). Makedonski pisateli (3. изд.). Društvo na pisatelite na Makedonija.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 52.
- ↑ „Високо поетско признание од САД за Вања Изова Велева“. А1. 3 март 2006. Посетено на 2010-12-14.
„Вања Изова Велева“ на Ризницата ? |