Ваљон Сараќини (албански: Valon Saraqini; Скопје, 24 јули 1981) — македонски економист и министер за економија на Македонија во периодот 2011–2014.

Ваљон Сараќини
Министер за економија
На должноста
28 јули 2011 – 25 јуни 2014
Премиер Никола Груевски
Претходник Фатмир Бесими
Наследник Беким Незири
Лични податоци
Роден(а) 24 јули 1981(1981-07-24)(43 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност македонски Албанец
Партија ДУИ
Вероисповед ислам

Политичка кариера

уреди

Министер за економија

уреди

Поборник за економска интеграција на регионот, со цел зголемени инвестиции, засилена економска соработка, заеднички настап на трети пазари и создавање на регионален туристички пакет кој би ги задоволил барањата на светскиот турист. На негова иницијатива се интензивираат активностите во делот на минерални суровини и се забрзува постапката за доделување на концесии за истражување и експлоатација. Поддршката за претприемништвото и малите и средните претптијатија се имплементира преку бројни активности и програмски мерки, а за првпат се поттикнува женското претприемништво и занаетчиството како посебни сегементи од претприемништвото. Комуникацијата со деловните субјекти и нивните здруженија е континуирана, преку средби, работни состаноци, посети на деловни капацитети и учества во јавни расправи.

Како претставник на Демократска унија за интеграција, која на 1 јуни 2008 година влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, министерот Сараќини спроведе низа активности и инвестициски проекти насочени кон местата каде живее претежно албанско население, посебно во Западна Македонија. Покрај постапката за изнаоѓање на стратешки инвеститор-концесионер на ТИРЗ Тетово, беа спроведени и низа инвестициски проекти од областа на енергетиката, особено во делот на концесии за мали хидроцентрали и активности за подобрување на енергетската ефикасност во училишта и градинки. Во делот на туризмот, пак, охридско-струшкото крајбрежје влезе на мапата на тур-операторите, посебно на земјите на Бенелукс, но и Турција, источните земји и Балканот, а се интензивираа и активностите за модернизација на зимскиот центар Попова Шапка.

Спроведени се низа мерки во насока на подобрување на бизнис климата, што имаше посебно влијание врз ублажување на последиците од глобалната економска криза, а како резултат на дел од спроведените активности Република Македонија според Доинг Бусинесс 2012 е рангирана на шесто место во светот и прво место во Европа по брзина на регистрација на друштво. Имено, регистрацијата на трговско друштво трае 4 часа и чини околу 30 евра, поради што слободно може да се каже дека РМ има најбрза, најевтина и најефикасна/ најлесна регистрација во Европа и една од најдобрите во светот.

Професионално искуство

уреди

На министерската функција Ваљон Сараќини дојде од приватна високообразовна установа - Универзитетот Американ Колеџ – Скопје. Како директор за комуникации и маркетинг на овој унивезритет, Сараќини беше одговорен за подготвување на комплетна маркетинг стратегија, стратегија за односи со јавност и маркетинг кампањата на УАКС, иницирање и реализација на активности поврзани со Деловниот совет и Алумни клубот, во согласност со потребите на деловната заедница и на УАКС, како и комуникација со бизнис групи, владини агенции и НВО-а. Неговото тригодишно искуство како оперативен директор во Универзитетот Американ Колеџ – Скопје придонесе да ги развие способностите за менаџирање на активности, во случајов на Универзитетот и координација на одделните сектори, планирање и дефинирање на буџет и спроведување на плановите, воспоставување работните процеси и политики кои помагаат во извршување на активностите поврзани со Универзитетот, дефинирање, мерење, евалуација и подобрување на квалитетот на услугите, што секако ќе придонесе во успешното менаџирање на секторите во министерството. Почетоците на неговото професионално искуство датираат од 2002 година, како административен службеник во Норвешки совет за бегалци – Скопје, каде работи на планирање и реализирање на активностите во делокругот на функционирањето на оваа невладина организација и континуирана комуникација со јавноста.

Приватен живот

уреди

Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Универзитетот Американ Колеџ - Скопје (2009), при што се стекнал со звање дипломиран економист по деловна администрација – маркетинг, со особен интерес за бизнис стратегија и политика, маркетинг менаџмент, организациско однесување, корпоративни финансии. На истиот факултет една година подоцна запишува постдипломски студии за водство, претприемништво, корпоративно управување, рекламирање и промоција, маркетинг истражување, корпоративни финансии – напредно ниво. Одлично ги владее албанскиот (мајчин јазик), македонскиот и англискиот јазик. Оженет е со Мимоза Пеза. Татко е на две ќерки, Лиза и Рита.

Наводи

уреди