Васка Милошева Петкова ( 1924 во Дренак, Кумановско1944 во Гостиварско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Васка Петкова
Родена 1924 година
Дренак, Куманово, Македонија
Починала октомври, 1944 година
Гостиварско, Македонија
Ранета и ѕверски мачена од страна на албанските балисти.

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште, го продолжила своето образование во кумановската гимназија. а подоцна во Учителското училиште во Скопје. Како одлична ученичка покажала голем интерес и наклоност за читање на марксистичка литература. Се дружела со напредната младина. Учествувала во разни акции за помош на партизаните. Пред завршувањето на учебната година и самата станала борец на Третата македонска ударна бригада. Во борбите се покажала како цврст борец и со тоа станала мошне сакана од страна на соборците. Била примена и за член на КПЈ и поставена за политички комесар на чета. На 20 октомври 1944 година, била учесник во крвавата борба против побројните балисти и Германци, на реката Треска. Во оваа борба била тешко ранета и заробена. Како заробеничка бил подложена на нечовечки измачувања и малтретирања. Балистичките банди ја носеле како плен низ Тетово и Гостивар и ја малтретирале пред народот. Од тешката рана и ѕверското мачење, кон крајот на октомври 1944 година Васка починала.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 229. На |first= му недостасува |last= (help)