Васка Леонтиќ (11 август 1970, Истанбул) е стилист, едукатор, основач и директор на приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“, на приватниот центар за стручна обука, како и сопственик на Студио Леонтиќ.

Васка Леонтиќ
Роден Васка Леонтиќ
11 август 1970
Истанбул
Познат стилист и едукатор
Занимање сопственик на средно училиште, приватниот центар за стручна обука и Студио Леонтиќ.

Животопис

уреди

Васка Леонтиќ е родена во Истанбул, Република Турција. На четири годишна возраст се сели со своето семејство во Скопје, каде живее и денес. Основно училиште заврши во „Кочо Рацин“. Првите две години од средното образование ги учеше во УСО „Кочо Рацин“ за моден творец, а последната година ја следеше во УСО „Димитар Влахов“, во групата за професионални фризери. Паралелно со образованието, следеше салонска пракса. По комплетирањето на своето образование и пракса, работеше седум и пол години. Во тој период следеше разни семинари и предавања, а учествуваше и на самостојни ревии и натпреварувања за фризури. Во Македонија има освоено прво место, а на ниво на Југославија има освоено десетто место.

Кариера

уреди

Васка Леонтиќ е активен член на Клубот на фризери во Скопје и учествува на сите ревии и манифестации што ги организира клубот. По осумгодишно работно искуство, отвори сопствено фризерско студио. Мајсторскиот испит за фризер го положи на 13 август 2008 година, а мајсторскиот испит за козметичар 28 декември 2009 година. Во 2009 година, преку проектот 45, ги започна студиите како вонреден студент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

По успешно завршена менаџерска програма во CEED TOP CLASS – 2009/2010, генерација три, зема учество како ментор во менаџерската програма CEED TOP CLASS 2010/2011, генерација четири. Во истата година, Васка Леонтиќ се јавува како промотор, оргазнизатор и толкувач на македонските работодавци и познати компании кои имаат потреба од бизнис партнерства во Турција, Истанбул, а исто така и за работодавци од Турција, Истанбул кои имаат потреба да инвестираат во Македонија. Во 2012 година, работи како координатор и директор на проектот „Донација од јавен интерес“, во склоп на ПСУ Академија Леонтиќ. Како дел од овој проект, децата од домот без родители се прифатени во училиштето на бесплатна настава.

Од 2009 година до денес активно соработува со Националната агенција за Европски образовни програми и подвижност, како домаќин, координатор и организатор на проекти во Македонија, но исто така и како учесник на проектите со име: „Леонардо да Винчи“ и „Ерасмус плус“.[1][2] Од 2011 година, четири години е веќе учесник на Модната недела во Македонија, каде учествува со изработка на фризура и шминка за еминетни творци од Македонија и странство.

Печатени изданија

уреди
  • Во 2013 година, го издава прирачникот за изработка на перики од природна коса.
  • Во 2015 година, го издава прирачникот за Филмска, корективна шминка и за подготовка на козметички производи и изработка на модни додатоци.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-05-12. Посетено на 2015-07-03.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-07-09. Посетено на 2015-07-03.

Надворешни врски

уреди