Васил Чичиашвили (грузиски: ვასილ ჭიჭიაშვილი; 1975, Ахмета, Грузија) — македонски професионален балетан, моментално ангажиран во Македонската опера и балет (сос. 2016).

Васил Чичиашвили
Роден 1975
Ахмета, СССР СССР, денес  Грузија
Занимање балетан

Животопис

уреди

Чичијашвили е роден во Ахмета, Грузија во април 1975 година. Дипломирал на „Тбилиси Вактанг Чабукиани“ државното училиште за кореографија во 1993 година и потоа се придружил кон балетската група на Државниот театар во Тбилиси како солист. Чичиашвили бил првенец во Театарот Мерсинска опера и балет во Турција во периодот од 1997 до 2002 година, но бил исто така првенец и во Македонскиот национален театар во периодот од 2003 до 2006 година. Во тој временски период танцува во улогите на: Александар во „Александар III Македонски“, „14 Часа“, Самсон во „Самсон и Далила“, Златен роб во „Шехерезада“, Али во балетот „Корсар“, Шахири во „1001 Ноќ“, Порги во балетот „Порги и бес“, Џејмс во „Силфида“, Принц во балетот „Оревокршачка“, Вронски во „Ана Карењина“, Феб во „Есмералда“, Принц во „Лебедово езеро“, Базил во „Дон Кихот“, Ромео во „Ромео и Јулија“ и др. Во 2007 година Васил Чичиашвили се враќа во Грузија каде настапува како солист во Државниот балет. Во 2009 година е награден со Орден за чест на Грузија и станува добитник на Вактанг Чабуки наградата. Од септември 2012 година тој е водечки солист во Македонскиот национален театар. Женет е со македонската балерина Наташа Јосифовска.[1]

Наводи

уреди
  1. Во Македонија ја најдов својата љубов, овде решив да создадам семејство. Архивирано од изворникот на 26 ноември 2016. Посетено на 2016-11-27.