Васил Стус
Васил Семеновик Стус (украински: Васи́ль Семе́нович Стус; 8 јануари, 1938 – 4 септември, 1985) бил украински поет и публицист. Тој бил еден од најактивните членови на дисидентското движење во Украина. Поради неговите политички активности, неговите дела биле забранети во СССР и поминал 23 години (пола од неговиот живот) во затвор. На 26 ноември 2005 година посмртно му била доделена титулата „Херој на Украина“.[1]
Васил Стус | |
---|---|
Роден/а | Васил Семенович Стус 6 јануари 1938 Рахнивка, Украина |
Починат/а | 4 септември 1985 (47 г.) Кучино, Русија |
Занимање | поет |
Националност | Украинец |
Сопруг/а | Валентина Попелјух |
Деца | Дмитро Стус |
Животопис
уредиВасил Стус е роден на 6 јануари 1938 година во семејствот на селани во Рахнивка, Виничка Област, Украина. По една година неговите родители се преселиле во градот Сталино, денес Донецк, а децата се преселиле другата година. Васил се запознал со украинскиот јазик и поезија преку неговата мајка.
По завршувањето на средното училиште, Васил се запишал на Одделот за историја и книжевност на Педагошкиот факултет во Донецк. Во 1959 година, тој ги завршил своите студии. По завршувањето, тој кратко работел како учител во средно училиште, а подоцна служел војска. За време на неговите студии и служењето воен рок, тој започнал да пишува поезија. Исто така тој преведувал поезија на украински, особено од Јохан Волфганг фон Гете и Рајнер Марија Рилке. Неговите преводи денес се изгубени. По воениот рок, тој бил уредник во весникот „Социјалистички Донбас“. Во 1963 година се запишал на докторски студии, а во меѓувреме ги објавил своите поеми. Во 1965 година тој се оженил. Во 1966 година се родил неговиот син Дмитро.
Наводи
уредиДополнителни информации
уреди- Vasyl Stus: Zhyttia yak Tvorchist (Vasyl Stus: Life as Creation), by Dmytro Stus. Kyiv: Fakt, second edition, 2005. 368 pp. -- A biography of political prisoner and writer Vasyl Stus by his son.
- Kostash, Myrna. "Inside the Copper Mountain" The Doomed Bridegroom: A Memoir. Edmonton: New West Press, 1998. pp 34–70.
Надворешни врски
уреди„Васил Стус“ на Ризницата ? |
- Васис Овсјенко, „Смртта на Васил Стус“, на руски Архивирано на 23 февруари 2006 г. и украински[мртва врска].
- Васил Стус - запамтен живот
- Избрана колекција поеми од Васил Стус Архивирано на 18 декември 2005 г.
- Биографија на Васил Стус
Оваа статија поврзана со Украина е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |