Васил Атанасов (обоист)
Васил Атанасов (16 април 1957 во Струмица) — македонски обоист. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1980), во класатана проф. К. Давидовски, кај кого ги завршил и постдипломските студии (1987). Од 1980 г. станал прв обоист на Македонската филхармонија. Член е на Скопскиот дувачки квинтет и професор по обоа во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје[1].
Васил Атанасов | ||
Роден | 16 април 1957 Струмица | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | обоист |
Тој основач и уметнички раководител на Камерниот оркестар Скопски солисти, на Скопскиот дувачки квинтет, Трио Атанасов, Трио Мацедонико. Во Македонија настапувал на најзначајните музички манифестации, како Охридско Лето, Скопско лето и Деновите на македонската музика, а исто така и меѓународните фестивали во Крајова, Пловдив, Љубљана, Херцег Нови, Сеул итн.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Арсов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 99. Text "series " ignored (help)