Љубица Попјанева
Љубица Попјанева ( 1925 во Д’мбени, Егејска Македонија, Грција — ) — македонски партизан, борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.[1]
Љубица Попјанева | ||
Родена | 1925 Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, денес во склоп на Грција | |
---|---|---|
Народност | Македонка | |
Занимање | учесник во ДАГ и пејачка | |
Сестра | Василка Чочева | |
Сестра | Парашкева Попјанева |
Животопис
уредиРодена во 1925 rодина во Д’мбени, Костурско, а омажена во с.Габреш, Костурско. Во НОБ и во Граѓанската војна во Грција била учесник од 1941 до 1949 година со целото нејзино семејство: Cопpyroт, двајцата браќа и двете сестри Василка и Парашкева. Сопрузите на нејзините сестри (зетовите) загинале во НОБ. Љубица била прв претседател-жена на на народноослободителен одбор во Егејска Македонија.[1]
Костурчанки
уредиВо „Костурчанки” Љубица членувала од нивното формирање во 1970 година. Поради здравствени и домашни причини (во тоа време петте внучиња (од нејзиниот син и ќерка), биле малолетни) не учествувала во сите настапи на групата.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ристески, Стојан (1988). Костурчанки: прилог кон проучувањето на фоклорот од Костурско. Скопје: Наша книга. стр. 58. ISBN 978-86-373-0092-2.