Триглав Осигурување

(Пренасочено од Вардар Осигурување)

Триглав осигурување АД Скопје (порано Вардар Осигурување) — македонско акционерско друштво за осигурување со седиште во Скопје. Основано е во 1968 година како дел од Зоил Дунав Београд. Своето осамостојување друштвото го добива во 1994 година, со трансформација и регистрација во акционерско Друштво со решение бр.09-5278/1, добиено од страна на Министерството за финансии на Република Македонија. На 15 ноември 2007 година доаѓа до промена на сопственичката структура на А.Д за осигурување Вардар - Скопје, со блок трансакција на македонската берза, каде што, Заваровалница Триглав д.д, откупува 70,36% од акционерскиот капитал и станува сопственик на мнозинскиот дел од акциите. Името на друштвото е усновано на 20 септември 2011 година.

Триглав Осигурување
ВидАкционерско друштво осигурителна компанија
ДејностФинансии и осигурување
Основано1968
СедиштеСкопје
Клучни личности
Трајче Латиновски (генерален директор)
ПроизводиОсигурување
Вработени
150 (2007)
Мреж. местоwww.advardar.com.mk

Историја

уреди
 
Поранешно лого на Вардар Осигурување

Вардар Осигурување е основана во 1968 година како мала единица на ЗОИЛ Југославија и ЗОИЛ Белград, за да веднаш потоа работната единица во Македонија се зголеми и прошири во Филијала со статутс на правно лице на новоформираниот ЗОИЛ Дунав Белград .

Со осамостојувањето на Македонија како суверена држава, во 1993 година главната филијала ВАРДАР Скопје се регистрира како Мешовито акционерско друштво за осигурување Вардар Скопје. Меѓутоа, со стапување во сила на Законот за осигурување на имоти и лица на Република Македонија во 1994 година се изврши нова регистрација и од тогаш нашето друштво гласи под називот А.Д за осигурување Вардар Скопје.

На 20 септември 2011 година, Triglav најавил дека компанија настана промена на името на Друштвото и ребрендирање од АД за осигурување ВАРДАР Скопје во Триглав осигурување АД Скопје.

На 31 декември 2016 година, квалификуваното учество во Триглав осигурување АД Скопје припаѓа на Триглав Инт. Холдинска Дружба д.д. Љубљана (73,38%). Крајна матична холдинг компанија е Заваровалница Триглав д.д.

Капацитет

уреди

Компанијата ина 19 филијали и експозитури, распространети на територијата на Република Македонија.

Дејноста на А.Д. Вардар се состои во обезбедување на најдобри, најефикасни решенија за неговите клиенти. Вкупниот број на вработените е 150 лица со одлична кадровска структура: правници, економисти, инженери, техничари, агрономи и други високо образовани лица за обавување на осигурителната дејност.

Од Ноември 2007, компанијата е Членка на Групацијата Триглав од Словенија, најголемата и најбрзо растечка компанија во Југоисточна Европа, со полисирана премија од околу 1 милијарда евра.

Надворешни врски

уреди