Варверорт
Варверорт (германски: Warwerort) — општина во округот Дитмаршен, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Варверорт | |
Воздушен поглед на Варверорт | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Дитмаршен |
Месна заед. | Бизум-Веселбурен |
Градоначалник | Карл-Хајнц фон Постел |
Основни податоци | |
Површина | 4,58 км2 |
Надм. височина | 0 м |
Население | 242 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 53 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HEI |
Пошт. бр. | 25761 |
Повик. бр. | 04834 |
Портал | www.amt-buesum.de |
Местоположба на Варверорт во рамките на округот Дитмаршен | |
Координати | 54°9′N 8°54′E / 54.150° СГШ; 8.900° ИГД |
Варверорт се наоѓа на северниот брег на Мелдорфскиот Залив на Северното Море, источно од Бизум. Името е мешавина на старото село Верфен/Варфен и Орт („место“). Верфен првично се наоѓало јужно од Варверорт и е означен на картите на островот Бизум во почетокот на 1559 година. Целосно потонало во текот на бурите во 1717 и 1718 година.
„Вел“ (Wehl) зад браната во Варверорт служи како уште еден потсетник на поплавата. Настанало каде морето ја отстранило земјата по пробивот на браната и останало соленикаво езеро. Пристаништето на Варверорт станало нефункционално кога браната околу Шпајхерког (изградена помеѓу 1969 и 1978 година) на југоистокот го блокирало неговиот пристап до морето.
Наводи
уредиОваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |