Мелдорфски Залив (германски: Meldorfer Bucht) — залив близу брегот на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во Германија, кој претставува дел од Хелголандскиот Залив.

Поглед кон заливот

Местоположба

уреди

Заливот се наоѓа околу 90 километри северозападно од Хамбург и 30 километри североисточно од Куксхафен. Припаѓа на округот Дитмаршен. На север се наоѓа приморското одморалиште Бизум, на југ е приморското одморалиште Фридрихског, иако не се граничи директно со Мелдорфскиот Залив. На исток е селото Хемингштет и градот Мелдорф, од каде потекнува името на заливот. На запад, заливот се граничи со Северното Море. Негов најважен канал е Пип, кој е длабок 20 метри и го дели Мелдорфскиот Залив на три дела: Верденер Лох (север), Кроненлох и Зомерког-Штертлох (југ).

Историја

уреди

Како последица на неколку големи поплави кон крајот на средниот век и почетокот на новото време, заливот се проширил кон ниските мочуришни области и скоро да стигнал до Мелдорф. Сè до XVI век, земјата не почнала да се суши и повторно да се освојува и да се создаваат полдери (Köge); заливот по првпат започнал да се заштитува со брани.

На 17 февруари 1500 година, самостојната селска република Дитмаршен се борела со војската на данскиот крајл и неговиот брат во Битката кај Хемингштет. Витештвото на кралот, главно составено од благородници, било скоро целосно удавено во водите на пролетната плима во Мелдорфскиот Залив.

Денес

уреди
 
Поглед преку северниот дел на Мелдорфскиот Залив од пристаништето во Шпајхерког кон Бизум

Кога последната брана била изградена во март 1978 година, освојувајќи површина од околу 8,5 х 8 километри, Мелдорфскиот Залив останал со проценета површина од 30 км². Меѓутоа, изградба на последните брани не била главно насочено на добивање нова земја, туку одбрана на крајбрежието. На пример, со изградбата на новите 8,8 метри високи брани, кои се долги 14,8 километри, дејството на браната било значително зголемено, а должината на браната намалена. Новосоздадениот Шпајхерког во Мелдорфскиот Залив е главно наменет за чување на водата од внатрешноста при речни поплави и да ја внесува во морето преку две брани. Дополнително, солените мочуришта делуваат како заштитена област за птиците. Земјоделството игра мала улога во Шпајхерког. Овците се чуваат тука за да ги стабилизираат браните. Шпајхерког како и другите небранети области во Мелдорфскиот Залив припаѓаат на првата заштитна зона на Националниот парк Ваденско Море и затоа се предмет на посебни закони за заштита.

Острови

уреди

Во Мелдорфскиот Залив се наоѓа ненаселениот остров Хелмзанд, кој е како еден од хализите и многу години бил поврзан со копното преку насип. Исто така, тука влегува и островот Тришен, кој се наоѓа во заливот. Дури и спрудовите Блауорт и Тертиус можат единствено да бидат посетени со посебна дозвола.

Човечка употреба

уреди

Непосредната крајбрежна област е целосна развиена за туризам. Каналите Нордерпип и Зидерпип обезбедуваат пристап до пристаништето во Бизум. Фаќачите на морски ракчиња ловат во Мелдорфскиот Залив. Јужниот дел на заливот е користен од Германската војска како област за тестирање на оружје. Во западниот дел, северно од естуарот на Елба, Фогелзанд е погребно место за оние погребани во море.[1]

Наводи

уреди

Литература

уреди
  • Michelsen, Hans (2008). Die Abdeichung der Meldorfer Bucht. In: Dithmarschen - Landeskunde - Kultur - Natur, Heft 3/2008, pp. 24−43; Verein für Dithmarscher Landeskunde (Hrsg.), Heide

Надворешни врски

уреди

54°05′02″N 8°53′10″E / 54.084° СГШ; 8.886° ИГД / 54.084; 8.886