Вангел Шатев
Вангел Георгиев Иванов Шатев ( 1909 во Влахи, Пиринска Македонија, Бугарија — 2 ноември 1944 во Кресна, Пиринска Македонија, Бугарија) — македонски борец. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]
Вангел Шатев | ||
Роден | 1909 година Влахи, Пиринска Македонија, денеc Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 2 ноември, 1944 година месноста Галчовото во Кресна, Пиринска Македонија, денеc Бугарија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиВо периодот од 1936 до 1938 година, Вангел членувал во нелегална младешка комунистичка организација во која исто така членувале и Галчо Василев, Јордан Ризов, Атанас Аџилев и уште неколку младинци од селото Влахи. Како заповед од повисоките нивоа на комунистичката партија, до нив стигале барање да извршуваат разни противопштествени работи. Помеѓу сите дејности, од нив било побарано да се сквернави Божјиот храм, со тоа што би го користеле како тоалет. На оваа задача Вангел, најкатегорично се спротивставил како и на други слични барања упатени кон нив. Со тоа предизвикал гнев на неговите соборци и поради тоа бил исклучен од групата, анатемисан како предавник, како измамник на комунистичкиот идеал. Неговите "другари" не се задоволиле само со тоа, па откако го дочекале 9-то септемврискиот преврат, на 2 ноември, 1944 година решаваат да го убијат на најжеток и мачен начин. Еден од неговите убијци - Галчо Василев се пофалил на следниов начин:
„ | Кога му ги сечевме ушите, прстите на рацете, кога го мачевме на најразличен начин, Вангел не викаше силно како кога му го отсековме носот. Тогаш толку силно исписка, што на шега велевме дека можеше да ги разбуди и мртвите од гробиштата. | “ |
После тоа полужив бил фрлен во кладенец во месноста Галчовото во Кресна.[1]