Валверде де Љерена

Валверде де Љеренаопштина во покраината Бадахос, Екстремадура, Шпанија. Општината има население од 763 жители на површина од 41 км2.

Валверде де Љерена
Валверде де Љерена
Валверде де Љерена
Валверде де Љерена is located in Шпанија
Валверде де Љерена
Валверде де Љерена
Местоположба во Шпанија
Координати: 38°13′0″N 5°49′0″W / 38.21667° СГШ; 5.81667° ЗГД / 38.21667; -5.81667
ДржаваШпанија
Автономна заедницаЕкстремадура
ПокраинаБадахос
ОпштинаВалверде де Љерена
Површина
 • Вкупна41,2 км2 (159 ми2)
Надм. вис.&10000000000000572000000572 м
Население (2010)
 • Вкупно763
 • Густина17,14/км2 (4,440/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоAyuntamiento de Valverde de Llerena

Местоположба

уреди

Сместена е во близина на Аиљонес кон Гвадалканал, до самиот раб на Севиља. Станува збор за населба сместена на гребен под ниок агол на ридест терен кој одговара на теренот на Сиера Морена.

Градот припаѓа на заедницата Екстремадура во покраината Бадахоси правно под Љерена.

Историја

уреди

Моменталното име на градот се должи на неговиот основач, дон Родриго де Валверде. Сепак, низ историјата ова место било познато и под други имиња: при крајот на XV век бил нарекуван Валаверде де ла Реина. Исто така бил наречен и „Асуага Валверде“, според надредената управна област.

Валверде де Љерена е основано како населено место во 1240 година од страна на дон Родриго де Валверде, витез од Сантијашкиот ред, управник на Валез, кој во средината на XIII век го апоседнал ова место давајжи им одредени предности на тие што ќе се населат.

Новодоселените потпаднале под управување на Сантијашкиот ред. Во 1594 година, на пописот на покраините и владенија на Кастиљското кралство во XVI век како дел од Сантијашкиот ред во Леон и имало 232 зависни селани.

Во 1559 година било разгледувано дали местото ќе се стекне со титлулата виља од страна на кралот Филип. Во 1586 година, било отуѓено од владението на Сантијашкиот ред, и продадено на маркизата Маријана де Кордоба од Виљануева дел Рио, минувајќи во владение на Семејството Алба.

Во минатото градот бил во делот општини во североисточна Екстремадура. Под управа на Љерена е од 1834 година.

Наследство

уреди

Католичка парохиска црква именувана како Безгрешен зачеток, под архиепископијата Мерида-Бадахос.