Валвата стенотрема

Валвата стенотрема (Valvata stenotrema) е ендемичен вид полжав во Охридско Езеро од фамилијата Гастропода (Gastropoda). Тој е еден од ендемските и доминантните видови од Охридските гастроподи, прозобранхии кои го населуваат езерото и неговите крајбрежни води.[1][2]

Распространетост

уреди

Хоризонтална дистрибуција

уреди

Во истражувањата на Хидробиолошкиот завод Охрид, видот Валвата стенотрема бил регистриран во далбочибна од 0,5 до 20 метри во литоралните профили додека од крајбрежните води од реката Сатеска, Добовјане и Ташмаруништа. Во литоралната зона, годишната средна вредност на густината за сите локалитети изнесувала 879 инд./ м², и тоа во горен литорал (од 0 до 5 метри длабочина) 632 инд./ м², додека во долен литорал (од 5 до 20 метри длабочина) 247 инд./ м².

Вредностите за густината на Валвата стенотрема во литоралот биле највисоки во јануари, 2010 година со 1083 инд./ м², додека најниска густина имало во ноември 2009 година, со 500 инд./ м². Во останатиот период од истражувањата, популационата густина на видот во литоралот на Охридското Езеро се движела во границите од 575 до 958 инд./ м² на месечно ниво во истражуваните профили.

Вертикална дистрибуција

уреди

Највисоката вкупна густина на Валвата стенотрема забележана е на 5 метри длабочина, со 1383 инд./ м² , каде дното е претставено со макрофитски видови и вегетација , каде Chara spp. доминира. На другите длабочински точки густината од 2 до 251 инд./ м². Претставници од овој вид се евидентирани на 0,5 метри длабочина само во профилот Пристаниште со 25 инд./ м² на песокливо- каменесто дно.

Популациона густина

уреди

Популационата густина на видот Валвата стенотрема зависи директно и од животните услови, т.е. од природата на супстратот:

  • Песокливо- каменесто дно = 0-25 инд./ м²;
  • Песокливе-тињесто дно = 20-50 инд./ м²;
  • Ситна песок = отсуствува;
  • Субмерзна вегетација = 25-977 инд./ м²;
  • Тињесто дно = 0-50 инд./ м²;
  • Тињесто дно со вегетација = 25-1037 инд./ м²;
  • Черупкина зона = 25-100 инд./ м²;
  • Ливади од Chara = 25-887 инд./ м²;

Најгуста популација била забележана на тињесто дно прекриено со вегетација, како и на густи ливади од хара. Спротивно, најниска популациона густина е регистрирана на кеменесто-песокливо дно . Претставници од овој вид воопшто не се евидентирани на хабитат претставен од ситна песок.

Локалитети

уреди

Во Охридско Езеро, Валвата стенотрема бил регистриран на 25 локалитети : Радожда, Ливадиште, Калишта, Струга, Сатеска, Св.Еразмо, Далјан, Канео, Пристаниште, Мазија, Парк, Горица, Метропол, Елешец, Пештани, Велидаб, Велјапеш, Трпејца, Заум, Љубаништа, Черава, влив и Св.Наум. Во местата по должината на реката Црн Дрим , видот Валвата стенотрема е регистриран во Добовјане и Ташмаруништа.[1][2]

Опис

уреди

Должината и пречникот на примероците на видот Валвата стенотрем се менува во зависност од длабочината на која тие живеат и подлогата т.е. должината на примероците во литоралот се зголемува со зголемување на длабочината.

Должината на черупката на примероците се движи од 2005,12 до 2926,2 um, додека пречникот има димензии од 2245,69 до 3652,87 um. Просечните вредности на должината на врвот на Валвата стенотрем се движат во границите од 145,56 до 172,25 um , додека димензиите на пречникот се во границите од 121,38 до 195,45 um. Должината на завоите на Валвата стенотрем се движи во границите од 129,63 до 3666,56 um додека пречнкот од 202,36 до 3995,65 um . Просечните вредности на должината на оперкулумот се движат во границите од 2653,54 до 3161,65 um , додека димензиите на пречникот на истиот се во границите од 2136,98 до 2798,65 um.[1][2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Polinski, V. 1929: Limnolo{ka ispitivawa Balkanskog Poluostrva, I. Reliktna fauna Gastropoda Ohridskog jezera. Glas Srp. Akad. Nauka, Beograd, 173(65)
  2. 2,0 2,1 2,2 Buxakoska-\oreska, B. 2012: Gastropoda od Ohridskoto Ezero i negovite krajbre`ni vodi kako objekt za razvivawe na GIS-baziran monitoring soglasno so EU-direktivata za vodi. Doktorska disertacija. Univerzitet ,,Sv.Kiril i Metodij”, PMF, Institut za biologija, Skopje