Бјала

Бугарија Бугарија

Население 9,015[1]
(според 2009)
Површина ? 2
Регистарска ознака P (BG)
Административна поделба Русенска област
Градоначалник Јури Симеонов
Надморска висина 54 m
Мрежно место byala.rousse-bg.info Архивирано на 8 јули 2012 г.
Координати: 43° 27′ С, 25° 44′ И

Бјала (бугарски: Бяла) — град во Северна Бугарија. Се наоѓа во Русенска област и е административен центар на истоимената општина. Сместен е во централниот дел на Дунавската рамнина, на бреговите на реката Jaнтра. Има автопатишта кон Русе (на 54 км), Плевен, Свиштов, Велико Трново, Попово и железничка станица.

Градот се споменува во турски регистар од 1618 г. Во 1831–37 г. е зафатен од епидемиja на чума. Името Бјала го добил поради белите околни карпи. Во 1871 г. унгарскиот историчар и етнограф Феликс Каниц го опишува градот како средиште на мноштво дуќани — бојаџии, ткајаџии, абаџии, мутафчии, кожувари, и др., со чаршија. За време на Руско-турската ослободителна воjна од 29 јули до 13 август Бјала е главниот штаб на рускиот император Александар II.

Во Бјала има театар, читалиште "Трудољубие" и музеj "Ослободителна воjна" (веќе 100 години).

Наводи уреди

  1. (на англиски) Bulgarian National Statistical Institute - Bulgarian towns in 2009 Архивирано на 13 ноември 2010 г.