Бургаски Залив
Бургаски Залив (бугарски: Бургаски залив) — најголемиот залив на Бугарското приморје и еден од најголемите во Црното Море. Сместен е по права линија меѓу ’ртовите Емине и Маслен Нос[1]. Достигнува ширина од 44 км и длабочина до 25 м. Највнатрешниот дел достигнува 31 км,[2] на местото кајшто е расположен пристанишниот град Бургас. Други помали градови на заливот се Поморие, Созопол и Несебар. Бургаскиот Залив е најзападната точка на Црното Море.
Бургаски Залив Бургаски залив | |
---|---|
Островите во Бургаскиот Залив | |
Подрачје | Црно Море |
Координати | 42°30′0″N 27°35′0″E / 42.50000° СГШ; 27.58333° ИГД |
Сливни земји | Бугарија |
Најг. ширина | 44 км |
Најг. длабочина | 25 м |
Соленост | 17 ‰ |
Острови | Свети Иван, Свети Петар, Света Анастасија, Свети Тома |
Населени места | Бургас, Поморие, Несебар, Созопол |
Заливот се стеснува кон запад. Северниот брег е понизок и има два големи полуострова (Несебар и Поморие), а јужниот е понерамен, со поголем број на мали ракавци и ’ртови. Соленоста на заливската вода изнесува 17 ‰; песокот е од магнетитско потекло. Моклиштата на запад се нарекуваат Бургаски Езера.
Во јужниот дел на Бургаскиот Залив има неколку мали острови, од кои поважни се Свети Иван и Свети Петар, Света Анастасија и Свети Тома.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Bourgas Bay between the coastline and the straight line joining Cape Emine and Cape Maslen Nos in Maritime Space, Inland Waterways and Ports Act of the Republic of Bulgaria 28 January 2000(1), www.un.org
- ↑ „Gines_pr“. Архивирано од изворникот на 13 јануари 2006. Посетено на 2 мај 2006.
Извори
уреди- „Бургаски залив“. Българска енциклопедия А-Я (бугарски). БАН, Труд, Сирма. 2002.
Надворешни врски
уреди- Бургаски Залив на Ризницата ?