Буков свиркач
Буков свиркач | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Phylloscopidae |
Род: | Phylloscopus |
Вид: | Буков свиркач |
Научен назив | |
Phylloscopus sibilatrix (Bechstein, 1793) | |
Жолто: Размножување (само лето) Сино: Зимување Светлосино: Одмор при преселба. |
Буковиот свиркач (науч. Phylloscopus sibilatrix) е вообичаена и широко распространета врапчевидна птица која се размножува низ северна и умерена Европа и само во западна Азија до јужниот дел на Урал. Оваа птица е исклучиво преселница и целата популација зимно време престојува во тропска Африка. Буковиот свиркач е широко распространет и низ Македонија.
Живеалиште
уредиЖивеалиштето на оваа птица се отворените, но сенковити зрели шуми, како што се буковите и дабовите, со ретки грмушки за гнездење. Гнездото во облик на купола го градат во близина на земја, ниско во грмушките. Имаат едно легло во мај, со 6-7 јајца, а можно е да имаат и второ легло подоцна. Како и повеќето грмушари и трскари, и овие птици се хранат со инсекти.
Опис
уредиБуковиот свиркач е долг 11-12.5 см, со типичен лик на грмушарче, зелено одозгора и бело одоздола, со лимон жолти гради. Се разликува од сличните на него елов свиркач P. collybita и брезов свиркач, P. trochilus по жолтата линија над окото, жолтите грло и горниот дел од градите, побледи краеви на крилјата и пократката, но поширока опашка.
Пеење
уредиИма два вида песни, често (но, не секогаш) ги пее наизменично; првата е пискава течна метална вибранта со забрзување на темпото ⓘ која трае 2-3 секунди, и втората е серија на 3-5 опаѓачки ноти со понизок тон пиу-пиу-пиу. Повикот за контакт е мека нота, слично како вторат песна, но пократко и само еднаш пиу.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Phylloscopus sibilatrix“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.