Уво-Буковец

пар вулкански купи во Кратовско
(Пренасочено од Буковец (рид))

Уво-Буковец — пар вулкански купи на 4 км источно од планината Плавица, над селото Близанци, Кратовско. Буковец на запад е висок 1.423 м, а Уво на исток е на висина од 1.472 м. Ги двои плитко седло на растојание од 1 км, поставено со расед во правец ССИ-ЈЈЗ. Купите се прилично симетрични, и обете се со истакнатост од околу 250 м.[1]

Уво-Буковец
Поглед на Уво (десно) и Буковец (лево)
Највисока точка
Надм. вис.1.472 / 1.423 м [1]
Истакнатост250 м [1]
Координати42°03′29″N 22°13′32″E / 42.05806° СГШ; 22.22556° ИГД / 42.05806; 22.22556(седло)
Величина
Површина10 км2
Географија
Уво- Буковец is located in Македонија
Уво- Буковец
Уво-
Буковец
Уво-Буковец на карта

Карта

РегионОпштина Кратово, Североисточна Македонија

Не е точно познато дали во минатото купите биле дел од една целина на чиј врв стоел кратер (подоцна уништен со раседната структура) или пак станува збор за главна и паразитска купа со сопствен механизам на дејствување (полифазност). По страните на купите се забележуваат траги од радијално течење на лавата, особено кон јужната и југозападната страна. Изливите биле претежно сочинети од дацити (дацитски игнимбрити). Од паразитските купи подобро се изразени Куновска Чука (1.347 м) на исток, Лески (1.073 м) на север и неколку други послабо изразени.

Целата структура Уво-Буковец, заедно со паразитските кратери, се протега на површина од околу 10 км2, а лавно-вулканокластичниот материјал е распространет на површина од 35 км2[1]. Староста на оваа структура веројатно е олигоценска. Поради тоа, палеовулканските облици значително се уништени и видоизменети со подоцнежните водосоголителни процеси.

Куновска Чука

уреди

Купата Куновска Чука, набљудувана од долината на Злетовска Река има особено величествен изглед, поради стрмното издигање над долинското дно во висина од околу 600 м.[1] Ваквата истакнатост впрочем се должи на длабокото всекување на Злетовска Река од источната страна, кое се случило многу подоцна од настанокот на купата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Група автори (2016). „Вулканска купа Васов Град“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 140-141. ISBN 978-9989-110-90-0.