Брикул (Луковица)
„Брикул“
| |
Местоположба | 41°53′20″N 21°9′20″E / 41.88889° СГШ; 21.15556° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Луковица |
Општина | Желино |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Брикул — археолошко наоѓалиште во тетовското село Луковица. Претставува доцноантички кастел спекула. Се наоѓа над речното корито на Треска, односно езерото Козјак. Во наоѓалиштето се видливи 3 утврдени сегменти. Мала триаголна акрополка на врвот, близок предѕид што затворал долга станбена тераса и големо западно подградие. Од врвот се гледаат фантастични визури. На север североисток има директна визуелна врска со Кале, Барово. На југ југоисток врска со Градец, Здуње. На запад југозапад е блискиот рановизантиски кастел Кале Јасики под Кодра Наљт, Седларево. Наодите во Брикул се главно со воен карактер. Железни фибули за прицврстување војнички шинели. Железни врвови од стрели.
Зборот Брикул има античко потекло. Во основата е Брик со деминутивот ул (дете, детуле).[1][2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Елизабета Димитрова, Виктпр Лилчиќ, Кате Антеска, Александар Василевски -Матка културно наследство, Скопје 2011.
- ↑ Виктор Лилчиќ, Матка низ вековите, Скопје 1995
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |