Браник (замок)

замок во Словенија

Браниктврдина со замок во селото Браник, Градска општина Нова Горица, Словенија[1]. Првите населби кои биле изградени на ридот на којшто денеска се наоѓа оваа тврдина датиаат уште од праисторијата. Тврдината постоела уште во римско време. Денешната форма замокот се претпоставува дека ја добил во 1230 година.

Браник
Grad Branik
Карта
Општи податоци
ГрадБраник, Нова Горица
ЗемјаСловенија

Во 14 век и 15 век замокот бил во сопственост на Хабсбуршката монархија. Во 1528 година, околните земјишта биле дадени на грофот Лантиери, и во нивна сопственост амокот бил цели 417 години, односно до Втората светска војна.

Во ноќта на 22 односно 23 јули 1944 година, замокот бил нападнат од страна на југословенските партизани, по што тој бил опожарен[2]. Во 1945 година, дворецот е национализиран. Од 1980-тите години, објектот постепено се обновува[3].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Grad Rihemberk nad Branikom, Nataša Štupar-Šumi (1973)
  2. „Branik – Grad Rihemberk“. Izvirna Vipavska. Архивирано од изворникот на 2021-01-31. Посетено на April 22, 2018.
  3. Castles.nl Архивирано на 19 декември 2008 г.