Боце Перески (Стровија, 22 август 1933) — македонски воен генерал.[1]

Боце Перески
Роден 22 август 1933
Стровија
Занимање генерал-мајор

Животопис

уреди

Перески е роден на 22 август 1933 година во село Стровија, Прилепско, во земјоделско семејство од мајка Воња и татко Илија. Основно образование завршил во родното село, кое го завршил во 1946 година, а Офицерско воено хемиско училиште завршил во 1952 година. Школа за усовршување, од областа на атомска, хемиска и биолошка одбрана (АБХО) завршил во Крушевац, Р. Србија, во 1964 година, Командно-штабна академија на Копнената војска на ЈНА во 1968 година, а Школа за народна одбрана завршил во 1973 година.[1]

Унапредувања

уреди

Должности

уреди

Во својата кариера како армиски офицер, службувал главно во Р Македонија, како припадник на ЈНА и како припадник на македонската армија по нејзиното создавање, па така, службата ја започнал во гарнизонот Скопје во 1952 година, а неколку месеци подоцна веќе се преселил во гарнизонот Куманово (1952 – 1969 ), по што, повторно се враќа на служба во гарнизонот Скопје (1969 - 1973), па одново Куманово, од 1973 до 1974 година и како последна станица во кариерата, одново гарнизон Скопје, од 1974 година, па сè до неговото пензионирање во 1993 година. Во текот на службата извршувал повеќе должности:[1]

  • Командир на вод (1952 - 1955);
  • Помошник на командир на чета (1956 - 1960);
  • Командир на вод за АБХО и началник за АБХО во полк (1960 - 1962);
  • Командир на чета за АБХО (1962 - 1968);
  • Началник за АБХО во пешадиска дивизија (1968 - 1970);
  • Командант на баталјон за АБХО (1970 - 1973);
  • Началник за АБХО во 3. Воена област (1974 - 1981);
  • Командант на Штаб за територијална одбрана на град Скопје (1981 - 1985);
  • Командант на Командата за одбрана на град Скопје (1985 - 1986);
  • Началник на Републички штаб за територијална одбрана на Р Македонија (1986 - 1988);
  • Помошник на командантот за морално воспитување во командата на 3. Воена област (1988 - 1991);

Награди

уреди
  • Медал за воени заслуги, 1955 година;
  • Орден за воени заслуги со сребрени мечеви, 1961 година;
  • Орден на Народната армија со сребрена ѕвезда, 1973 година;
  • Орден за воени заслуги со златни мечеви, 1978 година;
  • Орден на Народната армија со златна ѕвезда, 1984 година;
  • Орден на братството и единството со сребрен венец, 1987 година.

Семејство

уреди

Со сопругата Митра е во долгогодишен брачен живот, а татко е и на две деца, ќерка Светлана (1957) и син Владан (1965).[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Стојановски, Мирослав; Стојаноски, Борис; и др. (2017). Воени генерали од Македонија (1943 – 2017) (PDF). Скопје: Клуб на генерали на Македонија. стр. 256. ISBN 978-608-65955-2-4. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-05-10. Посетено на 2022-06-09.