Бофцен (слободна област)

Бофцен (германски: Boffzen) — слободна област во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Името на областа доаѓа од соседната општина Бофцен. Областа целосно се наоѓа на ридовите Золинг.

Местоположбата на областа во округот Холцминден

Има површина од 23,37 км2[1] и се граничи со градот Холцминден на север и на исток, со општините Дерентал и Лауенферде на југ и со општините Фирстенберг и Бофцен на запад во истиот округ. Покрај нив, на запад дели мала граница со округот Хекстер во покраината Северна Рајна-Вестфалија.

Слободната област е ненаселена. Иако таму нема пријавени жители, од административни причини ѝ е доделен управниот број 03 2 55 501.[1]

Наводи

уреди