Борче Панов
Борче Панов — македонски поет и есеист.[1]
Животопис
уредиПанов е роден на 27 септември 1961 година во Радовиш. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи во Локалната самоуправа на Општина Радовиш. Член на ДПМ од 1998 година. Автор е на книгите: Што виде Чарли Ч од наопаку (поезија, 1991), Циклонско око (поезија, 1995), Стоп Чарли(2002), Такт (2006), Гатанка од стакло 2009, Базилика на ракописот (2010), Заумна вечера(2012), Вдах (2014) , Човечки тишини (2016), Уханија (2017) и Глочка школка (2018).Автор е и на осум драми. Во 2016 г. беше објавен избор на неговата поезија бугарски јазик “Честички хематит„, во 2017 година во Словенија, на словенелки јазик беше препеана и објавена неговата поетска книга „ВДАХ„ а оваа година во издание на УКС Србије беше објавен изброто од неговата поезија „Бријање балона„ на српски јазик. Добитник е на наградата за најдобра дебитантска книга на „Студентски збор“.Член е на претседателството на Друштвото на писателите на Македонија.
Наводи
уредиОваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 193 - 194.