Борис Павлов Китанов (Софија, 28 март 1912 - Софија, 6 јули 1996 ) – универзитетски професор, ботаничар.[1]

Борис Китанов
Роден 28 март 1912
Софија
Починал 6 јули 1996
Софија
Националност Бугарин
Занимање универзитетски професор

Животопис

уреди

Китанов бил познат флорист, фитогеограф, фитоценолог, палеоботаничар, кој открил 105 таксони, нови за науката. По покана од Владата на Македонија дошол во Скопје и учествувал во организацијата на наставата по биологија на Скопскиот универзитет. Тој бил првиот професор по ботаника и прв шеф на Биолошкиот институт. Организирал хербариум на Ботаничкиот институт, со хербарски материјали од Балканскиот Полуостров. Ја формирал Катедрата по биологија и со своите соработници ја организирал наставата и лабораториите за практични вежби по ботаника. Во учебната 1948/49 година Се вратил во Софија.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 694. ISBN 978-608-203-023-4.