Борис Буџевски
Буџевски произлегува од сиромашна земјоделска печалбарска фамилија од село Ѓавато. Роден е 1923 година. Уште како мало дете ја почувствувал сета сиромаштија, бидејќи морал да работи за да се прехранува. Подоцна бил овчар. За време на окупацијата Буџевски се дружел со прогресивните младинци од селото. Од нив добивал летки но не ги покажувал на власта. Во август 1944 година Буџевски ѝ се приклучил на НОВЈ. како борец на Втората македонска бригада зел учество во сите борби што ги водела неговата единица на Сремскиот фронт. Во една жестока борба кај Стризивојна, митролезецот Буџевски, на 17 април 1945 година загинал.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |