Борислав Поповски

Борислав Поповски (Скопје, 1962) – универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.[1]

Борислав Поповски
Роден 1962
Скопје
Националност Македонец
Занимање универзитетски професор

Животопис

уреди

Борислав Поповски е роден во Скопје во 1962 година. Дипломирал во 1987 година на Електротехничкиот факултет во Скопје. Магистрирал и докторирал во 1993, односно во 1996 година на Универзитетот во Загреб, Факултет за електротехника и компјутерски науки, Хрватска. Oбавил повеќе научни и студиски престои во странство меѓу кои во KDDI Токио, Јапонија, во 1991 година, на Универзитетот во Рим „La Sapienca“, Италија, во 1992, 1993, 1994, 1996, Третиот универзитет во Рим, Италија, во 1998 и на Универзитетот во Ахен, Германија, во 2003. На Факултетот работи од 1993 како помлад асистент. Звањето асистент го добил во 1995 година. Во кариерата напредувал во звањата доцент (1997 година), вонреден професор (2002 година) и редовен професор (2006 година). Во периодот од 2001 до 2004 година бил продекан за финансии. Од 2003 до 2007 година бил претседател на Македонската академска и истражувачка мрежа – МАРнет.

Држи предавања по повеќе предмети од областа телекомуникации на додипломски и магистерски студии на Факултетот. Автор е на повеќе од 60 научни трудови публикувани во меѓународни списанија и конференции. Бил раководител на повеќе проекти финансирани од Република Македонија (МОН, јавни претпријатија), Европската Унија (FP5, FP6 и FP7), Австриската влада, САД (НАТО Sfp програма). Области на научен интерес му се: оптички мрежи, менаџмент на мултимедиски мрежи и сервиси, напредни безжични комуникации.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 50 ГОДИНИ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. Скопје: Факултет за електротехника и информациски технологии. 2009. стр. 219. ISBN 978-9989-630-58-3. |access-date= бара |url= (help)