Болтенхаген (германски: Boltenhagen) — општина и приморско одморалиште во округот Северозападен Мекленбург, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија, сместена на брегот на Балтичкото Море, 30 километри источно од Либек. Нуди широк поглед на Либечкиот Залив; 5-километарска долга и песочна плажа, крајбрежна патека, ресторани и воздушни бањи, како и бањи за слепи лица.

Болтенхаген
Плажа во Болтенхаген
Плажа во Болтенхаген
Плажа во Болтенхаген
Болтенхаген во рамките на Германија
Болтенхаген
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Северозападен Мекленбург
Месна заед. Клицер Винкел
Градоначалник Олаф Клаус
Основни податоци
Површина 18,09 км2
Надм. височина 4 м
Население 2.633 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 146 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NWM
Пошт. бр. 23946
Повик. бр. 038825
Портал www.gemeinde-boltenhagen.de
Местоположба на Болтенхаген во рамките на округот Северозападен Мекленбург
Карта
Карта
Координати 53°58′N 11°13′E / 53.967° СГШ; 11.217° ИГД / 53.967; 11.217

Болтенхаген е особено омилен помеѓу семејствата поради плитките плажи, комбинирани со одличниот квалитет на водата.

Марината со рибарското пристаниште се надоврзуваат на одморалиштето неговиот најисточен крај, нудејќи хотели и приватни плажи кон Воленбершкиот Залив, плиток залив помеѓу Болтенхаген и Висмар, дел од поголемиот Висмарски Залив.

Западно од општината и близу крајбрежјето се наоѓа малиот сликовит замок Грос-Шванзе, неодамна обновен и претворен во луксузен хотел. Јужно од него се наоѓа Замокот Ботмер, значаен тјудорски замок во блискиот град Клиц, кој исто така може да се посети.

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди