Болница „Августа Викторија“

лутеранска болница и црква во Ерусалим

Болница „Августа Викторија“ (англиски: מתחם אוגוסטה ויקטוריה) — болница и црковен коплекс на Маслиновата Гора во Ерусалим, Израел.

Августа Викторија
מתחם אוגוסטה ויקטוריה
Основни податоци
МестоЕрусалим, Израел
Координати31°47′12″N 35°14′57″E / 31.78667° СГШ; 35.24917° ИГД / 31.78667; 35.24917
Припадностхристијанство
ЕпархијаМаслинова Гора
Осветен1907
Архитектонски опис
Архитект(и)Роберт Леибнитз
Архитектонски типцрква болница
Завршен1910

Изградена е во 1907 година како центар на германската протестанска заедница во Османлиското Царство. Нејзиното завршување е во 1910 година, чиј комплекс вклучувал Евангелистичката лутеранска црква, како и клиника за христијанските поклоници.

Комплексот е посветен на германската царица Августа Викторија, сопруга на Вилхем II, кој го посетил Ерусалим во 1898 година. Негов архитект е Роберт Лајбниџ, инспириран од кралскиот дворец Хоенцолерн.

Денеска, „Августа Викторија“ е втора по големина болница во Источен Ерусалим.