Божин Тарчугов
Божин Крстов Тарчугов ( 1925 во Љубанци, Скопско — 1945 во Пула, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиИзраснат е во земјоделско сиромашно семејство. Работел во Скопје како чирак-шивач. Во градот се запознал со напредното работничко движење и со отпорот против окупаторот. Така ориентиран веднаш се вклучил во акциите за помош на партизаните што се спроведувал во неговото село. Собирал оружје, муниција и храна за партизаните. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада на Скопска Црна Гора. По пробивот на Сремскиот фронт неговата Бригада ја продолжила борбата за конечно ликвидирање на квинслизите. При крајот на војната неговата единица бил опколена од посилна усташка единица кај Пула. Биле заробени 14 борци, меѓу кои и тој. Усташите сите ги убиле, сечејќи им ги главите. Свечено бил погребан во Пула.