Божиград
Божиград, неретко и Божји Град, Божјиград или Мирас (албански: Miras) — село и поранешна општина во денешната општина Девол од Горички округ, југоисточна Албанија. Во 2011 г. имала 6.577 жители (како единица со повеќе села). Подрачјето историски важи за македонски крај.
Божиград Miras | |
---|---|
населено место | |
Координати: 40°31′N 20°56′E / 40.517° СГШ; 20.933° ИГД | |
Земја | Албанија |
Област | Горица |
Население (2011) | |
• Вкупно | 6.577 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | DV |
Историја
уредиВо XV век во Божјиград или Градиште се одбележани 80 домаќинства, сите Македонци, христијани. Во османските тефтери од средината на векот, населеното место Божјиград е спомнато со 5 семејства, и тоа на Петро, Михо, Андрија, Петро и Васо, како и две вдовици Ѓора. Давало вкупен приход (државни давачки) од 306 акчиња.
Според статистиката на Васил К’нчов, во 1900 г. Божиград заедно со селото Чета имал 600 жители Арнаути муслимани, што сведочи за албанизацијата која ја претрпеле овие краишта во текот на XIX век.
Географија и управа
уредиСо управната реформа од 2015 г. споени сè повеќе општини во една општина Девол, а тие (меѓу кои и Божиград) станале општински единици. Општинската единица Божиград станал општинската единица со 16 села, расположени по горниот тек на реката Девол, во котлината меѓу Грамошта (Грамос) и Морава. Седиште е истоименото село.