Брачани или Прачени (албански: Braçanji, Брачањи) — село во општината Девол на Горичката област, југоисточна Албанија.

Брачани
Braçanji
село
Брачани is located in Албанија
Брачани
Брачани
Координати: 40°33′0″N 20°58′38″E / 40.55000° СГШ; 20.97722° ИГД / 40.55000; 20.97722
Земја Албанија
ОбластГорица
ОпштинаДевол
Општ. един.Божиград
Надм. вис.&10000000000000930000000930 м
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.DV

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во горното течение на реката Девол, во мала котлина помеѓу планините Грамошта и Морава, околу 15 км југоисточно од градот Горица, на надморска височина од 930 м.[1]

Историја

уреди

Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Брачани, спахиски зиамет и тимар со 40 христијански домаќинства, 33 неженети христијани и 5 вдовици христијанки.[2]

За времето на Илинденското востание, селото испратило башибозук кој ги запалил и пљачкосал соседните македонски христијански села.[3]

На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Брачани е означено како албанско село.[4] На картата на револуционерот Георги Христов, селото е претставено како Брачани.[5]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Божиград.

Наводи

уреди
  1. Брачани (783561) — GeoNames
  2. Yeni, Harun (септември 2006). Demography and settlement in Paşa Sancağı Sol-Kol Region according to Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli Defteri dated 1530 : A Master’s Thesis (PDF). Ankara: Bilkent University. Department of History. стр. 117.
  3. Нединъ (1910). Спомени отъ една обиколка прѣзъ 1903 година (PDF). Скопие: Хафъзъ паша. стр. 76.
  4. Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
  5. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 193. ISBN 954-90993-1-8.