Богдан Ѓорѓиоски
Богдан Нацев Ѓорѓиоски ( 1920 во Светораче, Кичевско — 1944 во Белград) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и Југославија, учесник во НОВ.[1]
Богдан Ѓорѓиоски | ||
Роден | 1920 година Светораче, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | ноември, 1944 година Белград, Србија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско сиромашно семејство, поради што уште млад бил принуден да оди на печалба во Белград каде работел како пекарски работник. Како напреден младинец, активно го помагал народно ослободителното движење ѝ во пролетта 1944 година се приклучил во единиците на НОВ во Белград. Загинал во борбите за конечното ослободување на Белград во ноември 1944 година.[1]