Бобек Шуклев
Бобек Шуклев (Гевгелија, 8 септември 1950) — македонски теоретичар на организациски науки и поранешен универзитетски професор.
Бобек Шуклев | ||
Роден | 8 септември 1950 Гевгелија, СФРЈ (денес Македонија) | |
---|---|---|
Занимање | теоретичар на организациски науки |
Неговата академска кариера ја одбележале бројни контроверзии, како што се купувањето лажни уверенија за научни дострели од Меѓународниот биографски центар и Американскиот биографски институт, и неговата вмешаност во аферата „Еразмус“ за примање поткуп и барање полови услуги од студентки во којашто му била изречена затворска казна од две години и забрана за вршење на професорска дејност во времетраење од десет години.
Академска кариера
уредиПолиња од научен интерес на Шуклев се деловното планирање, менаџментот, менаџментот на мали претпријатија и стратегискиот менаџмент. Има објавено 34 учебника и преку 130 научно-истражувачки трудови и статии во САД, Австралија, Велика Британија, Германија, Хрватска, Словенија и Србија. Бил раководител, организатор и учесник во повеќе меѓународни проекти и конференции. За редовен професор на Економскиот Факултет е избран на 28 септември 1993 година, а претходно бил избран за асистент на професорот по Деловно планирање, Круме Михајлов. Тој бил продекан и декан на Економскиот факултет во Скопје пет мандати по ред во периодот од март 1996 до септември 2009 година.
Шуклев бил член на Меѓународниот советодавен одбор за финансиско сметководство (International Advisory Board (IAB) to Financial Accounting), Goverment Research and Development Centre, International Editorial Board на Economic and Business Review во Љубљана, Словенија, Journal of East European Management Studies-JEEMS, Германија и на Editorial Board of International Journal Management, Belgrade. Тој бил раководител на студиската програма по МБА – Менаџмент и шеф на Катедрата за менаџмент на Економскиот факултет во Скопје.
Остварил студиски престој на преку 100 престижни универзитети и тоа како гостински истражувач, посетителски професор, предавач на додипломски и последипломски студии. Во својата кариера остварил бројни студиски престои на универзитети во повеќе земји, и тоа: Австралија, САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Полска, Холандија, Белгија, Грција и Латвија.
За својата работа е одликуван со наградата „Гоце Делчев“ во 2000 година.
Контроверзии
уредиЛажни академски признанија
уредиВо периодот од октомври 2004 до јануари 2006 година, Шуклев се стекнал со академските признанија „2000 Outstanding Intellectuals of the 21st Century“, „21st Century Award for Achievement“ и „The Lifetime of Achievement One Hundred 2005 (absolute foremost biographies)“ од Меѓународниот биографски центар; како и „Noble Laureate“ од Американскиот биографски институт. Меѓутоа, во јавноста е познато дека овие два издавачи се финансираат преку продажба на лажни уверенија, а издадените признанија се сметаат за „измама“.[1][2][3][4][5][6][7]
Афера „Еразмус“
уредиВо јуни 2016 година, Шуклев бил уапсен откако во неговиот автомобил биле пронајдени пари во вредност од 1.000 евра за коишто постоело сомнение дека се земени како поткуп од студенти. Во аферата позната под името „Еразмус“ биле вмешани уште седум лица од Економскиот факултет во Скопје, кои исто така биле осомничени за учество во шема со којашто ја злоупотребувале работната функција.[8][9] Во декември 2019 година, сведок кој бил вработен во факултетската менза во периодот од 2012 до 2018 година посочил дека две студентки го прашале дали може да им „среди“ за оценка. По разговор со Шуклев добил информација дека професорот сака да има полов однос со студентка или таа да плати 1.000 евра. Студентката одбила да има полов однос со професорот, но рекла дека ќе го плати бараниот износ. Шуклев на тоа одговорил дека сакал да има полов однос со студентката затоа што била многу убава, но бил согласен таа да го плати износот.[10] На 9 март 2020 година, Шуклев бил осуден на затворска казна од две години за примање поткуп, а добил и забрана за вршење на професорска дејност во времетраење од десет години.[11]
Творештво
уреди- „Методологија за изработка на тековен план“ (1986);
- „Економско предвидување“ (1986);
- „Планирање и анализа“ (1988);
- „Тековно планирање на претпријатијата“ (1989);
- „Планирање во претпријатијата“ (1993);
- „Менаџмент лексикон“, I издание (1993);
- „Деловно планирање“, I издание (1993);
- „Менаџмент“, I издание (1993);
- „Планирање и деловна политика на претпријатијата“ (1995);
- „Менаџмент лексикон“, II издание (1996);
- „Стратегиски менаџмент“ (1996);
- „Деловно планирање“, II издание (1997;
- „Менаџмент“, II издание (1998);
- „Менаџмент“, III издание (1999);
- „Менаџмент на мал бизнис“ (2000);
- „Менаџмент на мал бизнис“, II издание (2001);
- „Стратегиски менаџмент“ II издание (2001);
- „Деловно планирање“, III издание (2002);
- „Менаџмент на мал бизнис“, III издание (2003);
- „Менаџмент“, IV издание (2004);
- „Менаџмент“, за IV година гимназиско образование, во соавторство (2005);
- „Менаџмент“, V издание (2008);
- „Корпоративно управување“ (2008);
- „Нобеловци по економија 1969-2008“, II издание (2008);
- „Организациско однесување“, соавторство (2009);
- „Деловно планирање“, IV издание, соавторство (2009);
- „Менаџмент“, VI издание (2010);
- „Корпоративно управување“ (2011);
- „Менаџмент на мал бизнис“, IV издание (2011);
- „Менаџмент“, VII издание (2011);
- „Менаџмент на мал бизнис и претприемништво“, во соавторство (2012),
- „Деловно планирање“, V издание, во соавторство (2013);
- „Менаџмент“ (2013).
Наводи
уреди- ↑ „Scam of International Biographical Centre“. Commerce Ministry, Government of Western Australia. Посетено на 6 јуни 2012.
- ↑ Richard Baker (27 August 2004). „Scam of the year a snip at $195“. The Age.
- ↑ Rajesh Kochhar (16 January 1999). „The Sucker of the Year Award“. The Tribune.
- ↑ Tim Heald (February 2005). „I have been nominated for an International Peace Prize!“. The Heald Report. Архивирано од изворникот на 8 септември 2008.
- ↑ Bhavin Jankharia (10 August 1999). „The Awards Scam“. Архивирано од изворникот на 2007-04-15. Посетено на 3 декември 2007.
- ↑ Don Burleson (8 October 2006). „Are you a "Man of the Year"?“.
- ↑ „Dubious awards: Sashes and such“. Newsletter of the Biological Survey of Canada (Terrestrial Arthropods) Volume 26 No. 1, Spring 2007.
- ↑ „„Еразмус“ ја откри мрежата на корупција – од студентите биле барани и сексуални услуги“. Канал 5. 7 јуни 2016.
- ↑ „Тројца професори од Економски факултет биле повикани во полициска станица“. Фокус. 7 јуни 2016.
- ↑ „Сведок на „Еразмус“: Шуклев бараше да има сексуални односи или 1.000 евра за да даде оценка Архивирано на 30 декември 2019 г.“. Нова ТВ. 10 декември 2019.
- ↑ Л., К.. „(Видео) Од две до две и пол години затвор за професорите од Економски факултет кои зеле поткуп“. Макфакс. 9 март 2020.