Блума Вулфовна Зејгарник (рус. Блю́ма Ву́льфовна Зейга́рник) (9 ноември 1900 – 24 февруари 1988) била советски психолог, позната по откривањето на т.н зејгарников ефект и е една од основоположниците на патопсихологијата како засебна научна дисциплина во Советскиот Сојуз.

Блума Зејгарник
Роден(а)9 ноември 1900
Пренах, Ковенска гувернија
Починал(а)24 февруари 1988
Москва, Советски Сојуз
ПолињаПсихологија
Патопсихологија

Животопис

уреди

Блума Вулфовна Герштајн е родена во Пренах, Ковенска губернија. Учела во гимназијата во Пренах, а од 1916 година во Алексевската женска гимназија во Минск. Во 1919 година, се омажила за Алберт Јанкелевич Зеjгарник и во 1921 година се преселила во Берлин каде се запишала на филолошкиот факултет при Берлинскиот универзитет. Таму под влијание на предавањата од Макс Вертхајмер, се заинтересирала за психологијата. Во 1924 година, почнала да го посетува семинарот на Курт Левин кој се занимавал со проучување на психологијата на личноста, особено со изучување на движечките мотиви на личноста, поведението на личноста во средината, потребите и квазипотребите на личноста и нивната зависнот од социјалното опкружување. Напоредно со предавањата на Курт Левин, посетувала предавања и кај други професори; работела во психијатриската клиника кај Курт Голдштајн, посетувала часови кај Е. Шпрангер и предавања по естетика кај М. Десуар. Отприлика во тоа време (1925), после серија експерименти, под водство на Левин, Зејгарник открива закономерсност која во науката ќе биде позната како Зејгарников ефект: незавршените декствија се зачувуваат во човековата меморија многу подобро отколку незавршените дејствија. Експериментот бил спроведен така што експериментаторот барал од испитаниците да решат редица проблеми за одредено време. Испитаниците биле прекинувани така што дел од проблемите не можеле да ги дорешат. Потоа, од испитаниците се барало да ги наведат сите проблеми на коишто се сеќаваат. Истражувачите претпоставиле дека при прекинувањето да се дорешат некои од задачите се покачува нивото на емоционален стрес па нема негово празнење преку решавање на проблемот. Се покажало дека испитаниците се сеќаваат на незавршените работи скоро двапати повеќе отколку на завршените.

Во 1927, дипломирала на Берлинскиот универзитет и во 1931 година се вратила во СССР каде што станала блиска соработничка на Лав Виготски. Работела во Москва, во Институтот за проучување на вишата нервна активност при Одделот за природна Комакадемија (комунистичка академија), а потоа во психоневролошката клиника при нститутот за експериментална медицина.

Во 1940 година била уапсена и казнета на 10 години забрана за коресподенција со нејзиниот сопруг и останува практично без никаква поддршка од двајцата синови. За време на Втората светска војна, Зејгарник со синовите се евакуирани од Москва. При евакуацијата, работела со Александар Лурија и други психолози во неврохируршката клиника на Урал. Работела на развивање рехабилитациони програми за сериозно ранетите. Во повоениот период, Зејгарник ја раководела психолошката лабораторија при институтот за психијатрија во чиешто создавање непосредно учествувала. Во овој период, како пресек помеѓу психологијата и психотерапијата бил заснован нов правец во психологијата – експериментална патопсихологија.

Во текот на кампањата за борба против космополитизмот, Зејгарник била суспендирана од главен надзорник на лабораторијата (1950), а во 1953, била отпуштена од лабораторијата; се враќа како шеф на патопсихолошката лабораторија во 1957 година и работела во Централниот истражувачки институт по психијатрија се’ до 1967 година.

Зејгарник е една од основачите на катедрата за невро- и психопатологија при факултетот за психологија на московскиот државен универзитет ‘’Ломоносов’’. Таа дала важен придонес во разработката на психолошките проблеми и за тоа во 1983 година ја добила наградата ‘’Курт Левин’’ од Американската психолошка асоцијација, а во СССР, 1978 година, и’ била доделена Ломоносовата награда од прв степен.

Трудови

уреди
  • Полная библиография работ Б. В. Зейгарник
  • «Нарушения мышления у психически больных» 1959
  • «Патология мышления» 1962
  • «Введение в психопатологию» 1969
  • «Основы патопсихологии» 1973
  • «Патопсихология» 1976
  • «Психология личности: норма и патология» 1982

Литература

уреди
  • Zeigarnik, B. (1927). Das Behalten erledigter und unerledigter Handlungen . Psychologische Forschung 9, 1-85.
  • Зейгарник, Б. В. (1986). Патопсихология Архивирано на 22 февруари 2007 г.. М.: Издательство Московского университета, 1986
  • Баканова И. В., Зейгарник Б. В., Николаева В. В., Шефтелевич О. С. Отношение к болезни как условие формирования осознаваемых и неосознаваемых мотивов деятельности. М., Изд-во МГУ, 1985 г.