Курт Левин (9 септември 1890 - 12 февруари 1947) се смета дека е најхаризматичен психолог на неговата генерација. Тој е роден во мало село во провинцијата Просен во Германија во 1890 како второ дете од четири деца. Неговото семејство се сели во Берлин во 1905 година. Таму Левин завршува средно образование.

Животопис

уреди

По средното образование тој се запишува на Медицинскиот факултет. Подоцна го менува својот избор и во 1910 година го запoчнува своето формално образование по психологија во Берлин. Негов главен професор бил Карл Штумпф, експериментален психолог со голем углед. Левин докторира во 1914 година. За време на Првата светска војна, Левин е дел од германската пешадија за да постепено напредува во поручник. По завршувањето на војната Левин се враќа на Берлинскиот факултет и работи како асистент и истражувач. Во 1926 година Левин е унапреден во професор.

Во време кога Хитлер доаѓа на власт во Германија (1932 г.), Левин заминува во Америка како визитинг професор на Станфорд Универзитет. Таму го поминува остатокот од неговиот живот. Бил професор по детска психологија (1933-1935) на Корнел Универзитет пред да го поканат да биде професор на државниот универзитет во Ајова (1935-1944). По заминувањето од Ајова ја прифаќа директорската положба на Истражувачкиот центар за групна динамика на Инситутот за технологија во Масачусетс. Во Америка ќе напише многу книги и брзо ќе се наметне како научен авторитет.

Умира во 1947 година од срцев удар на 56 години. Бил кремиран во неговото родно место.

Тој е најмногу познат по Теоријата на поле. Неговата теорија на поле се применува на личноста и претпоставува дека однесувањето на луѓето е функција од личноста и околината. Изразено со симболи горекажаното изгледа вака: О=f(Л,С). Според Левин конкретна личност, во конкретни околности може математички да се претстави.

Денес оваа теорија е многу поприфатена за разлика од времето кога е создадена. Во тоа време повеќето психолози не верувале во бихејвиоризам односно биле психоаналитички ориентирани. На пример психоаналитичарите верувале дека нашето однесување е секогаш мотивирано од несвесни мотиви. Левин размислува поикаку: нашите реакции не се само резултат на несвесни импулси туку средината влијае на нашето однесување. Значи нашето однесување е резултат на средината и психолошките црти.

Оваа теорија има големо влијание на социјалната психологија. Левин докажал дека социјалните феномени може да се изучуваат во експериментални услови. Тој е првиот кој го тестирал човековото однесување во контролирани услови. Неговите истражувања покажуваат дека е подеднакво важно да се изучуваат и личноста и групата. Неговите истражувања помагаат подобро да се објасни водството и групната динамика.

Поврзано

уреди