Блужд или обичен блужд (научDioscorea communis или Tamus communis) — вид на цветни растенија од семејството на блуждовите (Dioscoreaceae).

Обичен блужд
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Монокотиледони
Ред: Блуждовидни
Семејство: Блуждови
Род: Блужд
Вид: Обичен блужд
Научен назив
Dioscorea communis
(L.) Caddick & Wilkin
Синоними[1]
  • Tamus communis (L.)
  • Tamus cretica L.
  • Tamus racemosa Gouan
  • Smilax rubra Willd.
  • Tamus cordifolia Stokes
  • Tamus edulis Lowe
  • Tamus norsa Lowe
  • Dioscorea canariensis Webb & Berthel.
  • Tamus canariensis Willd. ex Kunth
  • Tamus parviflora Kunth
  • Tamus baccifera St.-Lag.
  • Tamus cirrhosa Hausskn. ex Bornm.

Опис

уреди

Ова е тревно растение кое расте до 2–4 м, со стебла кои се ниткаат спротивно од стрелките на часовникот.[2] Листовите на Блуждот се спирално наредени, во облик на срце, кои растат до 10 см должина и 8 см ширина , со ливче до 5 см долго. Тоа е дводомно, со посебни машки и женски растенија. Цветовите на Блуждот се поединечно незабележливи, во боја се зеленикаво-жолти, со 3–6 мм пречник, со шест ливчиња; машките цветови се произведени во тенки 5–10 см тркала, женските цветови во пократки кластери. Плодот на Блуждот е светло црвена бобинка, со 1 cm пречник. Неговата прилично голема кртола е островна, како и остатокот од растението.

Распространетост

уреди

Растението е домородно и широко распространето низ јужна и средна Европа, северозападна Африка и западна Азија, од Ирска до Канарските Острови, на исток до Иран и Крим.[1][3][4][5][6][7]

Живеалиште

уреди

Блуждот е типично растение на шумското подножје, обично се наоѓа во густи шуми, но може да се најде и во ливади и жива ограда.

Користи

уреди

Сите составници на растението блужд, вклучувајќи ги и кртолите, се отровни растенија поради содржината на сапонин, па затоа обично не се користи. Сепак, се користи како лапа за модринки и воспалени зглобови. Предложен е блуждот да се користи локално со претпазливост, поради тенденцијата растението да предизвикува болни и плускавци.

Студиите изолираа депозити на калциум оксалат и хистамини во сокот и ризомите од бобинки, што може да придонесе за иритација на кожата и контактен дерматитис поврзан со блуждот.[8]

Black Bryony е многу отровно растение и не треба воопшто да се конзумира барем кога е суров. Кога се готват, младите ластари најчесто се јадат во јужна Франција, Шпанија, Португалија, Италија и Хрватска.

Хемија

уреди

Ризомот содржи фенати _ 2-хидрокси-3,5,7-триметоксифенантрен и 2-хидрокси-3,5,7-триметокси-9,10-дихидрофенантрен ).[9]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Kew World Checklist of Selected Plant Families.[мртва врска]
  2. Blamey, M.; Fitter, R.; Fitter, A (2003). Wild flowers of Britain and Ireland: The Complete Guide to the British and Irish Flora. London: A & C Black. ISBN 978-1408179505.
  3. Altervista Flora Italiana, Tamaro, Dioscorea communis (L.) Caddick & Wilkin includes photos plus European distribution map
  4. Govaerts, R., Wilkin, P. & Saunders, R.M.K. (2007). World Checklist of Dioscoreales. Yams and their allies: 1-65. The Board of Trustees of the Royal Botanic Gardens, Kew.
  5. Dobignard, D. & Chatelain, C. (2010). Index synonymique de la flore d'Afrique du nord 1: 1-455. Éditions des conservatoire et jardin botaniques, Genève.
  6. Blamey, M. & Grey-Wilson, C. (1989). Flora of Britain and Northern Europe. Hodder & Stoughton. ISBN 0-340-40170-2.
  7. Flora Europaea: Tamus communis distribution Royal Botanic Garden Edinburgh, Inverleith Row, Edinburgh, EH3 5LR, United Kingdom(2008).
  8. „Black bryony (Tamus communis, Dioscorea communis) - Mango's Market“.
  9. Kovács, Adriána; Forgo, Peter; Zupkó, István; Réthy, Borbála; Falkay, György; Szabó, Pál; Hohmann, Judit (March 2007). „Phenanthrenes and a dihydrophenanthrene from Tamus communis and their cytotoxic activity“. Phytochemistry. 68 (5): 687–691. doi:10.1016/j.phytochem.2006.10.028. PMID 17166530.

Надворешни врски

уреди