Благоја Ангелковски

Благоја Мицев Ангелковски ( 1921 во Булачани, Скопско8 ноември 1944 во Бањани, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. Откако го завршил основното училиште се занимавал со земјоделство и сточарство. Во септември 1944 година и се приклучи на Шеснаесеттата македонска ударна бригада на теренот на Скопска Црна Гора. бил определен во баталјонот што се борел против добро вооружените балистички банди во Качаничката Клисура. Иако бил млад борец брзо се пројавил со својата храброст. Во едно од завршните борби со кои бил оневозможен продорот на балистите во Скопска Црна Гора, на 8 ноември 1944 година, тој храбро загинал кај Бањани. Бил пренесен и закопан во родното село Булачани.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 170. На |first= му недостасува |last= (help)