Втората битка на Косово се одвила од 17 октомври до 20 октомври 1448 година помеѓу силите на Кралство Унгарија на чело со Јанош Хунади и силите на Османлиското Царство предводена од Мурат II. Битката завршила со повлекување на унгарската војска и тактилчка победа на Османлиите. Ова бил еден од последните обиди за протерување на муслиманите од Балканот. Унгарците сметале дека на Косово ќе добијат помош од страна на албанските сили на Скендербег, но до тоа не дошло главно поради разбивањето на унгарската војска. Во оваа битка не учествувал српскиот деспот Ѓурак Бранковиќ, бидејќи сметал дека османлиската војска е премногу силна за да се сопре нејзината инвазија. Затоа, Јанош Хунади, Србија ја сметал за непријател во војната. Главно поради ова, по неговото повлекување Јанош Хунади бил заробен од страна на српските сили. Бранковиќ побарал огромен откуп за Хунади. По неколкумесечните преговори, тој бил ослободен за 100.000 дукати.
- ↑ Bennett, The Hutchinson Dictionary of Ancient & Medieval Warfare, p. 182 "Hunyadi led 24,000 - 30,000 men including 10,000 Wallachians, but should have waited to join Scanderbeg's troops before confronting Murad's force of 40,000."
- ↑ 2,0 2,1 Sedlar, East Central Europe in the Middle Ages, p. 248 "Hunyadi,who was now the richest landowner in Hungary, had raised an army of 24,000 men from his private resources, including German and Bohemian infantrymen armed with handguns to supplement his Hungarian cavalry. [...]This time the sultan brought on to the field a force of at least 60,000 men including Janissaries with muskets and a contingent of artillery."
- ↑ Turnbull, The Ottoman Empire 1326-1699, p. 36 "Hunyadi led an army of 24,000 men, including 8,000 Wallachians, but suffered another military defeat without even seeing his Albanian allies."
- ↑ 4,0 4,1 [1] Mehmed the Conqueror and His Time by Franz Babinger, page 55