Битка кај Лугош
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Битка кај Лугош — битка која се одвила на 21 септември 1695 година во близина на градот Лугош во источен Банат, помеѓу силите на Отоманското Царство и силите на Хабсбуршката Монархија како дел од Големата турска војна.
Заднина
уредиДо 1695 година, Отоманското Царство презело офанзива кон изгубените територии. Султанот Мустафа II наредил обновување на нападот во Трансилванија и неговата војска набргу потоа ја зазела Липова. Бранејќи го регионот Банат австрискиот фелдмаршал, Јохан Фридрих Амбросиус фон Ветерани логорувал блиску до Липова, со војска од 7.000 луѓе.[2]
Битка
уредиОсманлиите напредувале од Липова и се судриле со христијанската војска, генералот Ветерани не бил во можност да формира спој со царската армија на Саксонија на чие чело се наоѓал Август II Силниот. Битката предизвикала големи загуби на двете страни. Филдмаршалот Ветерани бил заробен од Турците и обезглавен.[3] Во оваа битка загинале и капетанот Страхиња и Антоније Знориќ, команданти на единиците на српската милиција во рамките на австриската војска.[4]
Последици
уредиГолемата турска војна продолжила сè до смената на Август со Егениј Савојски како врховен командант и како последица на конечниот пораз на Отоманското Царство две години подоцна во Сента.[5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Vukcevich, I. (2013). Croatia 2: Ludwig Von Gaj Opposes Croatia'S Hungarian Heritage. Xlibris US. ISBN 978-1-4836-5223-8.
- ↑ Coxe, William (1820).
- ↑ Jaques, Tony (2007). Dictionary of Battles and Sieges: F-O. Greenwood Publishing Group. стр. 605. ISBN 9780313335389. Посетено на 17 July 2011.
- ↑ Gavrilović, Slavko (1993), Iz istorije Srba u Hrvatskoj, Slavoniji i Ugarskoj : XV-XIX vek (српски), Belgrade: Filip Višnjić, стр. 26, ISBN 978-86-7363-126-4, OCLC 32079053, Посетено на 15 December 2011,
Тих дана, у бици код Лугоша у Банату пао је и тадашњи командант српске милиције у Ердељу, пуковник Антоније Знорић
- ↑ Jaques, T.; Showalter, D.E. (2007). Dictionary of Battles and Sieges: F-O. Dictionary of Battles and Sieges: A Guide to 8,500 Battles from Antiquity Through the Twenty-first Century. Greenwood Press. стр. 590. ISBN 978-0-313-33538-9.