Бисоке
Бисоке (француски: Bisoke), понекогаш познат како Визоке — активен вулкан кој се наоѓа во Националниот парк Вирунга во Демократска Република Конго. Бисоке е составен дел на планината Вирунга, вулкански синџир, кој пак се наоѓа во Големата Раседна Долина. Вкупно 8 вулкани се наоѓаат по должината на планината Вирунга. Од исток на запад тие се Мухабура, Гахинга, Сабињо, Микено, Карисимби, Њирагонго, Њамурагира и Бисоке.
Бисоке | |
---|---|
Бисоке | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3711 м |
Координати | 1°27′39″S 29°28′54″E / 1.46083° ЈГШ; 29.48167° ИГД |
Географија | |
Место | Руанда / Демократска Република Конго |
Матичен венец | Вирунга |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | август 1957 |
Бисоке се протега на границата на Руанда и Демократска Република Конго, но врвот се наоѓа во Руанда. Се наоѓа на околу 35 километри североисточно од градот Гома и во непосредна близина на езерото Киву.
Геологија
уредиБисок, како и сите врвови во планинскиот венец Вирунга, Бисоке е вулкан создаден со формирање раздвојувачка граница на Источноафриканскиот расед која полека ја дели африканската плоча. Планината достигнува висина од 3.711 метри (12.175 стапки) по последната ерупција во 1957 година. Бисоке има најголемо кратерско езеро spored опсегот.
Бисоке e опкружен е со 8 вулкански конуси. Во кратерот на врвот има езеро со пречник од 450 метри. Североисточниот и југозападниот е покриен со вулкански ридови. На североисток во насока на вулканот се наоѓа вулканот Сабино. Замрзнатите вулкански лави се состојат од леуцити, оливини и базанити. Како резултат на единствената ерупција на вулканскиот конус Мугого, која се случила на 1 август 1957 година, дваесетина метри вулкански конуси се формираале на 11 километри од Бисоке. Ерупцијата била проследена со повторени земјотреси и траела околу 42 часа. Лавините текови патувале на растојание од 1 километар од епицентарот на ерупцијата.
Географија
уредиПланината е дел од Националниот парк Вирунга и Националниот парк Руанда. Стрмните падини на врвот се густо покриени со екваторски дождовни шуми и алпинистички ливади. Обично снегот не се задржува на врвот од вулканот, но честопати е обвиен во магла. Како свое живеалиште областа ја има загрозената планинска горила, а Истражувачкиот центар Карисоке, основан од Дајан Фоси, е во долината на запад.
Индустрија и туризам
уредиНастрана од посетителите на парковите кои бараат горила или друг див свет, врвот е популарен кај планинарите. Тој може да се искачи за еден ден од страната на Руанда, а Одборот за развој на Руанда (RDB) води дводневни екскурзии до него и во близина на планината Карисимби, најчесто надвор од блискиот град Рухенгери[1].
Локалната туристичка индустрија во 1990-тите била опустошена од неколку крвави востанија и војни во централна Африка, вклучувајќи ја Граѓанската војна во Руанда (1990-1994), Геноцидот во Руанда (1994), Прва конгонска војна (1996-1997) и Втора конгонска војна (1998- 2003) и Граѓанската војна во Бурунди (1993-2005). Во ова време, воената акција и релоцирањето на бегалците предизвикало еколошки хаос (вклучувајќи уништување на шумите и ловење на загрозени видови) врз вулканите и националните паркови Вирунга и околината. Во последниве години, двата парка биле малку обезбедени, а туристичката индустрија во областа се опоравува, и покрај тековните конфликти[2].
Наводи
уреди- ↑ [1] Архивирано на 9 јуни 2007 г. Peakware World Mountain Encyclopedia- Mount Bisoke
- ↑ [2] Архивирано на 8 април 2008 г. DailyCamera.com Article "Rwanda: from War Zone to Vacation Destination"
Надворешни врски
уреди- „Бисоке“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 23-01-2013. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) (англиски) - Volcano Live — John Seach
- Vulcanism.ru Архивирано на 8 мај 2017 г.