Сабињо
Сабињо — исчезнат вулкан кој се наоѓа на планината Вирунга, вулкански синџир, кој пак се наоѓа во Големата Раседна Долина. Вкупно 8 вулкани се наоѓаат по должината на планината Вирунга. Од исток на запад тие се Мухабура, Гахинга, Сабињо, Бисоке (Визоке), Микено, Карисимби, Њирагонго и Њамурагира.
Сабињо | |
---|---|
Сабињо | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3645 м |
Координати | 01°24′S 29°36′E / 1.400° ЈГШ; 29.600° ИГД |
Географија | |
Место | Демократска Република Конго–Руанда–Уганда |
Матичен венец | Вирунга |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | Плеистоцен[1] |
Сабињо се наоѓа североисточно од езерото Киву, едно од најголемите езера во Африка, и западно од езерото Бунони во Уганда. Врвот на планината од 3.645 метри (11.959 стапки), го означува пресекот на границите на Демократска Република Конго (ДРК), Руанда и Уганда. Исто така се наоѓа во рамките на соседните национални паркови основани од овие земји: Националниот парк Вирунга во ДРК, Националниот парк Руанда и Националниот парк Магахинга Горила во Уганда.
Исто како кај Мухабура и Гахинга, бамбусовите шуми на планината Сабињо се живеалиште на загрозените Планински горила. Постојат неколку други видови на животни и птици кои се дел од екосистемот на планината.
Планината го носи локалниот прекар „Заби на Стариот човек“, бидејќи нејзиниот врв наликува на измазнети заби.
Наводи
уреди- ↑ „Sabinyo“. Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. Посетено на 13 September 2016.
Надворешни врски
уреди„Сабињо“ на Ризницата ? |
- Encyclopædia Britannica entry
- National Geographic photo Архивирано на 11 септември 2007 г.