Карисимби
планина во Руанда
Карисимби — неактивен вулкан кој се наоѓа на планината Вирунга, вулкански синџир, кој пак се наоѓа во Големата Раседна Долина. Вкупно 8 вулкани се наоѓаат по должината на планината Вирунга. Од исток на запад тие се Мухабура, Гахинга, Сабињо, Бисоке (Визоке), Микено, Карисимби, Њирагонго и Њамурагира. Со 4,507 метри (14,787 стапки), Карисимби е највисокиот од нив и 11-та највисока планина во Африка. Карисимби се наоѓа на границата меѓу Руанда и Демократска Република Конго.
Карисимби | |
---|---|
Карисимби во 2005 година | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 4507 м [1] |
Истакнатост | 3312 м [1] Ranked 61st |
Координати | 1°30′30″S 29°26′42″E / 1.50833° ЈГШ; 29.44500° ИГД [1] |
Географија | |
Место | Руанда - Демократска Република Конго |
Матичен венец | Virunga Mountains |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | 8050 п.н.е. |
Името Карисимби доаѓа од зборот „amasimbi“ на локалниот јазик, Кињаруанда, што значи снег. Снегот може да се најде во сувата сезона во јуни, јули и август на врвот на вулканот.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 "Africa Ultra-Prominences" Peaklist.org. Retrieved 2011-11-20.
Надворешни врски
уреди- „Karisimbi“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
- „Volcan Karisimbi, Rwanda/Congo DRC“. Peakbagger.com. Посетено на 2013-02-10. (англиски)