Бизмутинит

сулфиден минерал

Бизмутинитминерал сочинет од бизмут сулфид (Bi2S3), важна руда од која се добива бизмутот. Кристалите се челично сиви до валкано бели со метален сјај. Доволно се меки за да се гребат со нокт, но сепак се прилично густи.

Бизмутинит
Бизмутинит од Бигенден, Квинсленд, Австралија
Општо
Категоријасулфиден минерал
ФормулаBi2S3
Штрунцова класификација2.DB.05a
Просторна групаPbnm
Распознавање
Бојаоловно сива до калајно бела, со жолтеникава или преливна саѓа.
Хабитустенкопризмен до иглест, масивно плочкест
Кристален системорторомпски
Цепливост[010] совршена
Преломнерамномерен
Жилавосткршлив, засечив
Цврстина на Мосовата скала2
Сјајметален
Огреболовно сив
Специфична тежина6,8 - 7,2
Оптички својстванепроѕирен
Наводи[1][2][3]

Образува низа со со оловно-бакарно-бизмутниот минерал ајкинит (PbCuBiS3).[3]

Се јавува во хидротермални жили со турмалиноносни бакарни жили принадлежни на гранитот, во извесни високотемпературни златни жили, како и во скорешни наслаги од вулкански издуви. Принадлежни минерали се самородниот бизмут, ајкинитот, арсенопиритот, станитот, галенитот, пиритот, халкопиритот, турмалинот, волфрамитот, каситеритот и кварцот.[1]

Минералот е првпат забележан во 1832 г. во рудниците на Потоси, Боливија.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Бизмутинит — Прирачник за минерали (англиски)
  2. 2,0 2,1 Бизмутинит — Webmineral (англиски)
  3. 3,0 3,1 Податоци за бизмутинитот на Mindat (англиски)

Надворешни врски

уреди