Беќарец
Беќарец претставува хумористична форма на народна песна, која потекнува од руралниот дел на Славонија, Хрватска при што на крајот се проширила во јужна Унгарија и регионот Војводина во Србија . Коренот на зборот потекнува од беќар ( турски: bekâr ), што значи „ерген“, „весел“ или „алкохоличар“. Беќарците секогаш се задеваат, потсмеваат или пак се однесуваат несоодветно. Обично ваквиот тип на песни се пеат на селските забави во машко друштво („сијело“ или „кирвај“).[1] Сепак, тие исто така се пеат рамноправно и од страна на жените,[2] особено во танцот Коло.
Славонски беќари во Источна Хрватска | |
---|---|
Славонски беќари во 1997 | |
Поврзница | 358 |
Област | ENA |
Историја на впишувањето | |
Впишување | 2011 |
List | Representative |
Опис
уредиБеќарец како форма на песна ја користи строгата форма на двостил во декасилог. Песната секогаш е испеана на иста музика, и е свирена од страна на тамбурашки оркестар, додека гајдите или самица, поретко се користат.[2] Некогаш се случува песната да е изведена само од хор. Првиот стих го пее водачот на хорот и формира логична теза; стихот се повторува од страна на хорот кој е сочинет од мажи. Вториот стих е хумористична антитеза, исто така повторувана од хорот (но често пати со хумористичен одзив). Беќарците како песни обично се изведуваат на почетокот на забавата и претставуваат песни за започнување на пиење алкохол откако толпата е доволно рсположена за вино и музика. Серијата на беќарци може да трае бесконечно. Текстовите често се измислуваат на самото место или се импровизираат,[3] а најдобрите продолжуваат да постојат и повторно се користат за подоцнежните забави.
Историја
уредиСе верува дека беќарец како форма на песна потекнува со укинувањето на хрватската воена граница.[2]
Беќарец како форма на песна ја проучувал Фридрих Саломон Краус, роден во Пожега, кој собрал околу две илјади беќарски песни.[2]
Заштита на УНЕСКО
уредиВо 2009 година, Хрватска го поднесе барањето беќарец да биде вклучен во Списоците на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.[4] Во 2010 година, обидот повторно беше неуспешен, а беа направени преводи на англиски за подобра референца.[5] Во 2011 година беќарец беше вклучена во листата.[6]
Музеј на Беќарец
уредиВо 2017 година беше објавено дека музеј посветен на беќарец ќе биде отворен во градот Плетерница, Хрватска.[7][8] Директорот на музејот го опиша концептот како современ музеј, кој ќе го раскаже традиционалното наследство на беќарец, но во модерен амбиент.[9] Поради тоа што беќарец е витален дел од нематеријалното културно наследство на Хрватска, 85% од музејскиот проект беше финансиран од Европската Унија, со очекувања тој да има позитивно влијание врз благосостојбата на градот и на целиот регион.[7][10]
Наводи
уреди- ↑ Cvitanic, Marilyn. Culture and Customs of Croatia, Greenwood Publishing, 2011.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „UNESCO protected it, now it has its own museum in Croatia“. croatiaweek.com. Croatia Week. 23 August 2023. Посетено на 25 August 2023.
- ↑ Dubinskas, Frank. Performing Slavonian folklore, Stanford University; 1983
- ↑ Nina Ožegović (2009-02-03). „Bećarac, licitari i alka u UNESCO-u“ [Bećarac, licitars and Sinjska alka in UNESCO]. Nacional (хрватски) (690). Архивирано од изворникот на 6 May 2010. Посетено на 2011-11-28.
- ↑ „Bećarci zbog ulaska na Unescovu listu prevedeni na engleski“. Večernji list (хрватски).
- ↑ „Slavonski bećarac i nijemo kolo iz Zagore na UNESCO-ovoj listi“. Večernji list (хрватски). 2011-11-27. Посетено на 2011-11-28.
- ↑ 7,0 7,1 Balen, Vedran. „Pleternica će prva u svijetu dobiti Trg bećarca“. lokalni.hr.
- ↑ „Museum of bećarac (becharac)“. Network of European Museum Organisations. Посетено на 25 February 2021.
- ↑ Justament, Domagoj. „The project of the Bečar Museum as an interpretation center was presented in Pleternica“.
- ↑ Dragana Lucija Ratković Aydemir, Helena Tolić & Ivana Jagić Boljat (23 Dec 2019). „Intangible Cultural Heritage as a Catalyst for Local Development and Well-being: The Case of Pleternica, Croatia“. Museum International. 71 (3–4): 156–167. doi:10.1080/13500775.2019.1706954.